Ураган Рита

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Рита е седумнаесетата тропска бура, девети ураган, петти најголем ураган досега и втор ураган од петта категорија во Атланската сезона на урагани во 2005 година. Тоа е најсилниот ураган кој било кога навлегол во Мексиканскиот залив. Неговите ветрови откако достигнаа брзина од 280 километри на час удрија во копното на државите Тексас и Луизијана. На 24 септември 2005 ураганот почна да ја губи силата. Ветровите успорија на 190 км на час со што Рита падна во третата категорија.

Како урагани се означуваат тропските циклони во северниот дел од Атланскиот Океан и северниот Пацифик чии ветрови ја надминуваат брзината од 33 метри во секунда или 117 км. на час. Тропските циклони пустошат и по северозападниот и јужниот Пацифик, но тука се нарекуваат тајфуни.