Трајанка Илиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајанка Илиева
Родена 11 декември 1980
Скопје
Националност Македонка
Позната по улогата во:
Македонски народни прказни
Пусто турско
Занимање глумица
Сопружник Дарко Велиќ
Татко Диме Илиев

Трајанка Илиева (родена на 11 декември 1980 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица

Животопис[уреди | уреди извор]

Трајанка Илиева во 2006 година дипломирала на Факултетот за Драмски уметности – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а од 2007 година се вработува како глумец во Драмски театар Скопје. Реализира неколку главни и споредни улоги, не само на сцената на матичниот театар, туку и на други театарски сцени во Македонија.

Поважни театарски улоги:

  • Тага зборуваше Гертруда, р. Ангелчо Илиевски, ДТС 2022
  • Чудна случка со кучето во ноќта, р. Зоја Бузалковска, ДТС 2021
  • Мојот маж, р. Нела Витошевиќ, ДТС 2020
  • Лошата крализа - Снежана и седумте џуџуња, р. Димче Николовски, ДТС 2016
  • Капетанот Фокс Џонсон - Капенанот Џон Пиплфокс, р. Коле Ангеловски, ДТС 2014
  • Амелија - Ждрело, р. Зоја Бузалковска, ДТС 2014
  • Кети - Евангелија на глупоста, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2014
  • Пандора - Солунски патрдии, р. Коле Ангеловски, ДТС 2013
  • Собарката - Вртелешка, р. Андреј Цветановски, ДТС 2012
  • Ифигенија од Турција - Археалос или Еврипит се врача на Балканот, р. Владо Цветановски, ДТС 2012
  • Харпер - Ангели во Америка р. Џарет Џ. Стајн, ДТС 2009
  • Елена - Сон на летната ноќ р. Коле Ангеловски, ДТС 2008
  • Сите лица на Петре М. Андреевски, р. Владо Цветановски, ДТС, 2008Ладало од Карло Годони, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2006
  • Ана – Стари времиња од Харолд Пинтер, ФДУ, дипломски испит, 2006
  • Бланш - Трамвајот наречен желба од Тенеси Вилијамс, театарски фестивал „Ристо Шишков“ – Струмица, 2005
  • Клитемнестра – Орестиа од Асхил, МОТ, Скопје, 2005
  • Ана – Златко легна и не сака да стане, ФДУ – Скопје, 2004
  • Нина – Галебот од Чехов, ФДУ – Скопје, 2004

Филмски и ТВ улоги:

Надворешни врски[уреди | уреди извор]