Томислав Стојановски - Бомбај

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења видете на појаснителната страница за Томислав Стојановски

Томислав Стојановски - Бомбај (Тетово, 1940 - починал на 4 март 2022) — македонски политичар и водач на Демократската партија на Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бомбај е роден во Тетово во 1940 година. На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје завршил Машински факултет. Директор е на енергетското одржување во Комбинатот Тетекс во Тетово. На парламентарните избори во Македонија во 1994 година е во составот на македонскиот парламент[1]. Во 2009 година бил кандидат за градоначалник на Општина Тетово но не успеал да влезе во вториот круг[2].


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Томислав Стојановски“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-05.
  2. Мисоски, Јошко (6 март 2009). „Кандидатот за градоначалник Томислав Стојановски-Бомбај“. КИСС ТВ. Посетено на 2009-11-05.[мртва врска]