Томас Рајтер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Томас Рајтер, германски космонаут

Томас Рајтер (германски: Thomas Reiter, роден 23 мај 1958 во Франкфурт, Германија) е германски космонаут и мајор во германската Луфтвафе.

Детството и младоста ги поминал во околината на Франкфурт, во јужен Хесен. По завршувањето на основното училиште, до 1977, ја посетувал гимназијата во Ној Изенбург. Германската војска му стипендирала школувањање на катедри за воздухопловна и космичка техника на воениот универзитет во Нојнбиберг (германски: Neubiberg) на кој дипломирал во декември 1982 година.

Рајтер во воената база Шепард во САД бил обучен за пилот и подоцна преместен во воена служба во ловечката ескадрила 43 на германската луфтвафе каде што останува до 1994 година, кога таа ескадрила била укината

Во исто време Рајтер почнува, како член на група од 4 астронаути на Европската космичка организација (ESA) прпреми за летови на руската космичка станица Мир.