Токсикологија
Од Википедија, слободната енциклопедија
Токсикологија (од грчките зборови τοξικός - токсикос „отровно“ и logos - наука) е гранка на биологијата и медицината која се занимава со проучување на негативните ефекти на супстанците врз живите организми. Таа е наука за симптомите, механизмите, третирањето и откривање на труењата, посебно труењата кај луѓето.