Тифусна салмонела

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тифусната салмонела (лат. Salmonella typhi), род на инфекциски бактерии именувани според американскиот ветеринар Даниел Елмер Салмон, којшто прв успеал да ја изолира во 1885. Бактеријата се пренесува преку заразена живина, јајца и одредена друга храна. Досега се идентификувани три вида на салмонела: S. typhi, S. choleraisuis и S. enteriditis, која има повеќе од 1400 антигенски различни серотипови. S. typhi предизвикува тифусна треска. S. typhimurim, серотип на S. enteriditis, предизвикува salmonella gastroenterititis, еден вид на труење со храна кое предизвикува абдоминални болки, треска, гадење, повраќање и дијареа. Периодот на инкубација е 8 до 48 часа и нападот може да трае од 3 до 7 дена. Благите случаи најчесто се третираат со антидијаретични лекарства, додека за посериозните неопходни се антибиотици. Внимателно чистење и подолго готвење на храната се едни од можните начини за превенција од инфекции со salmonella.