Твид (река)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Твид | |
| Abhainn Thuaidh River Tweed |
|
| Река | |
|
Реката Твид кај Колдстрим
|
|
| Земја | United Kingdom |
|---|---|
| Дел | Scotland, England |
| Извор | Твидс Вел |
| - место | Твидсмјуар, Шкотски Граници, Шкотска |
| - координати | |
| Утока | Северно Море |
| - местоположба | Берик на Твид, Нортамберленд, Англија |
| - координати | |
| Должина | 156 км |
Твид (гелски: Abhainn Thuaidh, англиски: River Tweed) е река која тече низ Граничниот регион во Шкотска и Англија, во должина од 156 km. Извира во Твидсмјуар во Твидс Вел близу сливот на реката Клајд, и изворот на реката Анан. Поминува низ целиот Граничен регион. Во долниот тек близу местото Берик на Твид навлегува во Англија и продолжува уште 27 km. Реката Твид е позната по големиот фонд на лосос.
Реката поминува низ неколку позначајни места, и тоа: Пиблс, Галашилс, Мелроуз, Келсо, Колдстрим и Берик на Твид, кајшто се влева во Северното Море.
Долината на реката Твид е интересна од аспект на глечерската историја на Британија. Тлото на долината во која тече реката е драмлинско поле и претставува остаток од прастар леден поток кој поминувал низ областа.
Твид е единствената река во Англија кајшто не треба дозвола за рибарење со трска.
Видете исто така [уреди]
- Список на места на Шкотските Граници
- Твидејл
- Твид - вид ткаенина
Надворешни врски [уреди]
- Водни патишта на Британија: Река Твид (англиски)
- Страница на Комисијата за реката Твид (англиски)
- Фондација Твид (англиски)
- River Карта на реката Твид (англиски)