Тамо далеко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Српски војници се повлекуваат низ Албанија за време на зимата 1915.
Тамо далеко, во изведба на Тамбурашко Певачко Друштво.
Columbia Records, април 1917.

Тамо далеко (мак. Таму далеку) е српска традиционална песна од периодот на Првата светска војна. Настаната помеѓу српските војници на Крф, оваа песна е полна со љубов и носталгија кон нивната родна земја.

Оваа песна била предложена за химна на Србија, но не и избрана.

Стихови[уреди | уреди извор]

Српски: Македонски (превод):
Тамо далеко, далеко од мора,

Тамо је село моје, тамо је Србија.

О, зар је морала доћ', та тужна несрећна ноћ,
Када си драгане мој, отишао у крвави бој?

Тамо далеко, где цвета лимун жут,
Тамо је српској војсци једини био пут.

Тамо далеко где цвета бели крин,
Тамо су животе дали заједно отац и син.

Тамо где тиха путује Морава,
Тамо ми икона оста и моја крсна слава.

Тамо где Тимок поздравља Вељковград,
Тамо ми спалише цркву у којој венчах се млад.

Без отаџбине на Крфу живех ја,
Али сам поносно клиц'о: живела Србија!

Таму далеку, далеку од морето,

Таму е селото мое, таму е Србија.

О, зарем мораше да дојде, таа тажна несреќна ноќ,
Кога ти драги мој замина во крвав бој?

Таму далеку, каде цвета лимон жолт,
Таму на српската војска единствен ѝ беше пат.

Таму далеку, каде цвета бел крин,
Таму животи дадоа заедно татко и син.

Таму каде тивка патува Морава,
Таму ми остана иконата и мојата крсна слава.

Таму каде Тимок го поздравува Вељковград,
Таму ја запалија црквата во која се венчав млад.

Без татковина на Крф живеев јас,
Но сепак гордо викав: да живее Србија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]