Суперстар (ТВ канал)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Суперстар ТВ [1] е српски претплатнички телевизиски канал во сопственост на Телеком Србија. Започнал со работа на 15 ноември 2018 година. Седиштето на каналот се наоѓа на адресата ул. „Милутин Миланковиќ“ 9, Белград.

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на 2018 година Телеком Србија најавил кабелски канал кој ќе прикажува телевизиски серии и филмови, од домашна и странска продукција. Суперстар ТВ е онлајн подружница на каналот Стар ТВ. Каналот е достапен само преку дивизиите на Телеком Србија, како што се МТС и Супернова . Првата емитувана серија Беса привлекол гледаност уште на првото емитување.

Најголемиот дел од програмата на Суперстар ТВ се состои од оригинални телевизиски серии, направени во сопствена продукција и копродуцирани со Српската радио и телевизија, Пинк и Прва . Речиси сите оригинални серии биле емитувани на горенаведените канали, по емитувањето на Суперстар ТВ.

Весникот Курир во средината на 2020 година објавил дека претстојната петта сезона од серијата Убијците на мојот татко ќе се прикажува на Суперстар ТВ, наместо на претходниот канал Нова С. Серијата требало да се емитува на почеток на 2021 година.[2]

Тоа го потврдил и продуцентот Макса Ќатовиќ од куќата Филм денес, која ја потпишал продукцијата на серијата Убијците на мојот татко, Државен службеник и Пејачка, за потребите на ТВ каналот Суперстар ТВ до 2023 година ќе се произведат уште три високобуџетни серии.

Програм[уреди | уреди извор]

Суперстар ТВ главно прикажува странски и домашни српски филмови и телевизиски серии на својата програма. Телеком Србија е во соработка со продукциските куќи има произведено голем број серии кои се емитуваат на каналот.

Сериска програма[уреди | уреди извор]

Сериската програма има голем удел во телевизиската програмска шема. Суперстар емитувала најголем број домашни серии, од сопствена продукција. Странските серии кои се емитуваат се:

Суперстар прикажа и домашни серии, а тие се:

Филмска програма[уреди | уреди извор]

Најголем удел во програмата ја сочинуваат главно американските филмови. Суперстар ТВ емитуваше некои од најпознатите блокбастери, кои достигнаа голема гледаност. Повеќето од емитуваните филмови се од каталогот на студиото на [1]Warner Bros. . како што се Шерлок Холмс, Хари Потер, Сексот и градот и многу други.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „SUPERSTAR TV ekskluzivno“. mts - Tvoj svet. Архивирано од изворникот на 19. 04. 2019. Посетено на 19. 4. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. „Nova sezona serije Ubice mog oca na Superstar TV, evo šta nas čeka!“. mondo.rs (српски). 7. 5. 2020. Посетено на 12. 7. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. SUPERSTAR TV - ekskluzivno na mts TV-u! Посетено на 22. 9. 2019.