Стојан Киселиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Киселиновски
Роден 10 јануари 1943
Б’мбоки, Егејска Македонија
Занимање историчар

Стојан Киселиновски — македонски историчар, научен советник во Институтот за национална историја.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Б’мбоки во Костурско на 10 јануари 1943 година[1]. Основно, средно и високо образование - Историски факултет, завршил во Романија. Се вработил во Институтот за национална историја во Скопје. Магистрирал и докторирал на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Покрај големиот број на научни трудови и книги на историска тематика, тој е автор и на првите класични афоризми во Македонија, а пишува и поезија и проза.

Дела[уреди | уреди извор]

Стојан Киселиновски е автор на трудовите:

  • Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913-1940)
  • КПГ и македонското национално прашање (1918-1940)
  • Статусот на македонскиот јазик во Македонија (1913-1987)
  • Егејскиот дел на Македонија (1913-1989)
  • Етничките промени во Македонија (1913-1995)
  • Македонски дејци (XX век)
  • Дејци на ВМРО и КПЈ во Македонија
  • Македонија низ вековите
  • Историја на Македонија
  • Историја на Романија
  • Малцинствата на Балканот (XX век)“ во соавторство со проф. д-р. Ирена Ставови - Кавка

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блаже Ристовски, уред. (2009). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).