Стомачен танц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танчарка на ракс шарки, Кристанти Сахар Шарф, Хајделберг.

Стомачен танц (арапски: رقص شرقي) е западен термин за традиционалниот арапски танц познат како ракс шарки (رقص شرقي; буквално „ориентален танц“) или како ракс балади (رقص بلدي; буквално „танц на земјата“, или „фолклорен“ танц). Некогаш во Соединетите држави се нарекува и „Танц од Блискиот Исток“.[1]

Карактеристичен за Северна Африка, Азија и Блискиот Исток, а сега популарен ширум светот, стомачниот танц има различни регионални форми, и во костимите и при начинот на танцување, што е доказ дека посебни потези во танцот можеби се пренесени во овие региони и се вклопени во локалниот начин на танцување. „Вистинското потекло“ не е јасно, но можеби е Египет или Индија.

Општо[уреди | уреди извор]

Денес постојат две форми на ориенталниот стомачен танц: ракс балади, друштвен танц кој го изведуваат и мажи и жени од сите возрасти за забава, најчесто на славења, како свадби или други собори. Втората форма, потеатрална и денес попопуларна на запад, е наречена ракс шарки. Како и ракс балади, и ракс шарки ја изведуваат и машки и женски танчери. Во регионите за кои е карактеристичен стомачниот танц, го учат девојчињата и момчињата на мала возраст неформално, набљудувајќи ги и имитирајќи ги постарите за време на семејни или друштвени слави и собири. На Запад, стомачниот танц се учи на часови по танцување под туторство на професионални инструктори.[се бара извор]. Во Соединетите Држави исто така се развиваат нови форми на стомачен танц наречени Американски племенски стил (АПС), кој претставува групна импровизација составена од фламенко и држење (самото фламенко потекнува од ромскиот танц, еден од можните начини на кој стомачниот танц се распространи), и „мешање на племиња“. Подоцна АПС се комбинира со ориентален стомачен танц и чекори од хип-хопот и тоа е пример за комбинирање на стомачен танц со стилови на локалните танци кога тој навлегува во нова култура. Историски, повеќето танци сродни на стомачниот танц се изведувале со поделба по полови; мажи со мажи и жени со жени. Постојат неколку описи на мешано танцување. Примената покажала дека „добра“ жена не смее никој да ја гледа кога танцува, освен нејзиниот сопруг, блиското семејство, или пријателките. Денес, половата поделба не се применува строго во повеќе населени места, и понекогаш мажи и жени играат заедно со блиски пријатели. Некои дури предложуваат да се забранат изведбите.

Наспроти ова, стомачниот танц во Соединетите Држави, Европа, Јужна Америка, Русија, и многу други места каде што е популарен и голем дел од изведбите се во ресторани, на свадби, или на сцена пред мешовита публика како форма на театарско шоу. Разликата во степенот на општа прифатеност се одразува и на костимите и на начинот на танцување. Во Египет, на танчарите не им е дозволено да го откриваат стомакот и да танцуваат со колената или колковите на подот, наспроти тоа на други места костимите откриваат повеќе и „танцот на под“ се смета за посакуван елемент од изведбата.

Потеклo[уреди | уреди извор]

Уметнички приказ на стомачен танц

As with any dance of folkloric origin, the roots of belly dance are uncertain.

Потеклото на овој начин на танцување најчесто го истражувале. Денес Египет се смета за срцето на стомачниот танц. Како и да е, се тврди дека потекнува од свештеничките во храмовите во Индија, и го ширеле ромите и други групи со потекло од јужен Пакистан, како што патувале преку Азија во Европа и Африка. Исто така може да е пренесен со трговијата со робови во Персија од Узбекистан, или преку Александар Велики.

Најдени се описи на танчарите од пред-исламскиот и исламскиот свет. Во книги како „Уметност и архитектура во Исламот 650-1250“ се прикажани слики од танчари на ѕидовите на палатите, како персиските минијатурни слики од 12 и 13 век. Постои можност стомачниот танц да го ширеле ромите, или други групи, или да го носеле како што патувале, или го присвоиле некаде по пат, па го ширеле. Благодарејќи на мешавината од ромскиот начин на танцување со ракс шарки на Запад, овие теории се популарни на Запад.

Костими[уреди | уреди извор]

Оваа верзија, пред фолклорната и социјалната, е најпопуларна, бидејќи највидливо место за стомачен танц се ноќните клубови (како и видео и ДВД снимките на популарните египетски танчари). Костимот за овој танц се нарекува на египетски арапски бедлех (значи „костим“), и беше прифатен од египетските танчари во 1930-тите, ширејќи се во земјите во регионот. Неговата творба повеќе се должи на харемската фантазија на водвиљ, бурлески, и Холивуд во последниот век, отколку на автентичниот фустан од Блискиот Исток. Либанката Бадија Масабни, наречена кума на ориенталниот танц, пејачка, глумица, сопственичка на ноќен клуб во Каиро, е заштитничка на овие костими, бидејќи за туристите тие биле поинтересни одошто традиционалните ќафтани - кои најчесто ги покриваат линиите на телото, со марама или појас врзани на колковите за да се истакнат движењата. Изведувачите сѐ уште го користат кафтанот да ги покријат костимите кога не се на сцена. Еден од најголемите придонеси што го направи Бадија за ориенталниот танц беше што го издигна над традициите на чааби или традиционалното танцување. Кога стомачната танчарка имаче ограничен репертоар на движење на рацете, таа доби идеја не само да ги држи по страните, туку да ги крева високо над главата, и повеќе да се служи со нежни гестови, подоцна познати како змиски раце. Идеите на Бадија Масабни не влијаеја на танчарите само при движењето на рацете и користењето на превезот. Влијаеја и на тоа танчарите да користат повеќе простор кога се на сцена. Скоро секогаш изведуваат гавази и алмех.

Од 1950г. во Египет е нелегално стомачните танчари да изведуваат со откриен стомак.[2] Костимите за Ракс Шарки обично се долги, фустан во еден дел или дводелен костим (украсен горен дел за градите и здолниште). Во секој случај, костимите се уметнички и елегантни, од богати ткаенини украсени со мониста, скапоцени камења, и светкави реси. Навезените појаси најчесто се директно зашиени на здолништата. Во соодветност со облеката има додатоци, како ѓердани, бразлетни за раце и нозе, обетки, и делови за глава. Ракс шарки има гламурозен и женствен изглед. Либанските костими за стомачен танц најчесто се елегантни, за во ноќен клуб, типични дводелни костими за стомачен танц – украсен градник и соодветен појас (најчесто навезен) врз здолништето. Здолништата се тенки и / или се направени од помалку материјал од Египетските костими, и повеќе го откриваат телото на танчарот. Либанските костими, направени од богати ткаенини и накит, се многу гламурозни, секси, кокетни и елегантни. Превезот се користи повеќе и е во согласност со костимот. За разлика од египетските танчарки, либанските смеат да го откриваат стомакот во јавни изведби и така и прават. Уникатно кај либанскиот танц е што танчарките често носат високи потпетици кога играат.

Турските костими, особено во 1970-тите и 1980-тите, ги биеше лош глас заради нивната затегнатост и секси изглед. Костимите најчесто се составени од типично украсен градник и здолниште за стомачен танц со појас. Но, здолништата често се направени од помалку материјал одошто американските или египетските, и се многу кратки, повеќе го откриваат телото на танчарот. Невезените појаси се вообичаени. Има и додатоци кои се соодветни, како ѓердани, бразлетни за раце и нозе, обетки, и делови за глава. Тенките материјали се користат најчесто за здолништата и костимите често имаат исечоци на ремените и градникот. Типично, турскиот костим за стомачен танц е секси, разигран и кокетен.

Американскиот стил за костими за стомачен танц е гламурозен и луксузен (Холивуд и моден дизајн). Класичните американски стомачни танчари најчесто носат дводелни костими, со украсен градник, елек, или блуза со здолниште и / или „харемски“ панталони стегнати на колковите (најчесто, но не секогаш, со непокриен стомак). Најчесто користени материјали се свила, сатен, шифон, и светликави материјали со токи, мониста, или циркони.

Костимите во бедлах стил се составени од соодветен горен дел или градник (обично со реси од мониста или парички), соодветен ремен за колковите (повторно со реси од мониста или парички), и здолниште/а (прави, слоевити, заоблени, или украсени). На Запад „превезот“ – 3-3.5м. материјал – може да се користи и за нагласување на извртените движења со рацете за време на целиот танц или на делови од танцот. Египетските танчари го користат превезот за воведниот дел, за првите неколку минути од нивната рутина. Во Египет, Америка и Европа танчарите носат целосно навезени фустани за фолклорните и балади танцовите. Но, општо, костимите се разликуваат заедно со различните стилови на танцување. Најчесто стомачниот танц се поврзува со кабаре–костими. Кабаре-костимот се состои од ремен на колковите, градник, здолниште и/или „харемски“ панталони, и еден или повеќе превези. По желба носат украсни марами за раце, белегзии, украси за глава, ѓердани, марами, превези за лице, накит и обувки. Шминката обично е клучен дел од костимот. Коланот за стомачен танц вообичаено е околу колковите на танчарката, со што се ослободува половината за да изведува кружни движења со стомакот. Коланот може да биде со прави, заоблени или шилести рабови и мора да има камења, паринки, реси за да се истакнат движењата на колковите. Градникот на танчарката најчесто се согласува со коланот во деталите и не наликува на долна облека. Класичните харемски панталони се широки и собрани на зглобовите, но не секогаш. „Кабаре“ панталоните обично се носат под здолништата, затоа што често при вратењето премногу се откриваат нозете. Здолништата најчесто се округли со различен дизајн и широки. Класичниот превез најчесто претставува околу три метри проѕирен, лесен материјал, често навезен на рабовите. Често телото се црта со к‘на за да се зголеми мистичноста на танчарката. К‘ната обично се нанесува на дланките и стапалата. Кога по неколку часа ќе се отстрани, остава црвено-кафени флеки на кожата. Помошните средства се користат за да го привлечат вниманието на публиката и да му дадат разновидност на настапот. Традиционално, танчарите се и пејачи, забавувачи и музичари. По традиција носат со себе ударни инструменти. Сепак денес само исклучиво надарени танчари користат чинели, останатиот поголем дел е придружуван од музичари кои свират за нив. Некои танчари користат стапчиња и трски при настапот. Танцување со разлеан превез дава елеганција на изведбата. Некои пак користат меч, што го прави танцот моќен и драматичен.Светлината од свеќите, која може да танцува со танчарите, дава драма и таинственост на изведбата. Некои користат дајре. Ова помошно средтсво е популарно за стилот на танцување на циганските групи.

Техники[уреди | уреди извор]

Основните чекори и техники во стомачниот танц се засноваат на кружни движења на одреден дел од телото. На пример, кружното движење на колковите паралелно со подот се нарекува „колковен круг“, или на градниот кош - „граден круг“.

Ракс Шарки[уреди | уреди извор]

Стомачниот танц Ракс Шарки се состои од движења кои се изведуваат со телото. Фокус на танцот се карлицата и колковите. Всушност, тоа е импровизиран танцкој целосно соодветсвува со ритамот на музиката.

Танцувачите на Ракс Шарки ги предаваат емоциите предизвикани од текстот и ритамот на музиката. Соодветно, музиката е соодветна со танцотНајдобри танчари на Ракс Шарки се оние кои најдобро можат да ги пренесат своите емоции преку танцот, дури и танцот да се содржи од прости движења. Целта на танчарите е визуелно да ги пренесат емоциите и ритамот на музиката на публиката.[се бара извор] Од арапски преведено Ракс Шарки значи „танцот на Ориентот“ или „Ориенталниот танц“. Погрешно е да се каже стомачен танц бидејќи се танцува со сите делови на телото, а најбитен дел се колковите.

Многумина за Ракс Шарки велат дека е танц на жената, со кој се слави сензуалноста и моќта на природната жена. Покрај славата на танчарките, и мажите го изведуваат Ракс Шарки танцот, но не во јавност во Арапските земји.

Иако основата на овој танц е иста, сепак формата се развива. Нели Мазлум и Махмуд Реда внесоа балетски елементи и влијае на модерните египетски танчари. Во Египет, три форми на традиционален танц се поврзуваат со стомачниот танц: Балади/Беледи, Шааби и Шарки. Најбажни не-египетски форми на стомачен танц се сиријски/либански, персиски и турски.

Турски форми[уреди | уреди извор]

Многумина грешно веруваат дека турскиот ориентален танц се нарекува Чифтетели, бидејќи овој стил на музика навлезе во ориенталниот танц преку грците и римјаните, а грчкиот ориентален танц се нарекува Цифтетели. Сепак, турскиот Чифтетели е форма на фолклорна музика за свадби, а не е поврзан со ориенталниот танц.

Денес турскиот стомчен танц кој примал влијание од римските исто колку и од египетските и сиријските/либанските форми, се развива до ориенталниот танц кој е светски познат. Турските закони не вклучуваат забрани за танчарите и нивните движења и костими, како што има во Египет. Голем дел од професионалните танчари и музичари во Турција се од ромско потекло. (Меѓутоа начинот на танцување на Турците од ромско потекло се разликува од турскиот ориентален начин.) Турските изведувачи се познати по стилот полн со енергија , атлетски и гимнастиски стил. Уште една разлика е што во турскиот стил се користи ритамот карлишама, во 9/8 такт, 12-34-56-789. Костимите може да откриваат многу, коланот е на половината, разделени здолништа, кои ја откриваат цела нога, иако денес танчарите се облекуваат како египетските танчари, во скромни здлништа во стил на сирена. Турските танчари носат високи потпетици. Познати турски танчари се Тулај Караџа, Несрин Топкапи и Бирѓул Берај.

Стомачниот танц во западниот свет[уреди | уреди извор]

Предлошка:Article issues

Популаризација на стомачниот танц[уреди | уреди извор]

Ракс Шарки се промовираше надвор од Блискиот Исток преку романтизмот во 18 и 19 век, кога ориенталните изведувачи го отсликувале животот во харемот во Отоманското Царство. Во ова време танчари од Блискиот Исток танцувале на светските саеми. Поимот „стомачен танц“ се препишува на Сол Блум, уметнички директор на Светскиот саем во 1893г. Танчари имало и претходно, но оваа година придобиле внимание. Посебно влијание привлекол египетскиот уличен театар во Каиро, кој многумина се обидувале да го затворат.[се бара извор]

Позната е танчарката Фатима, која сакала да го украде шоуто познато како Мал Египет, но за неа не постојат ниту фотографии ниту информации. Според фотографиите, шоуто во Египетскиот театар го воделе цели трупи, а не соло артисти. Најпопуларна артистка од времето на саемите е Фарида Мацар Спиропулос, која не е ниту египјанка, ни алжирка, туку сиријка.[се бара извор]

Танцот кое го изведувале повеќе танчари, нарекувајќи се Мал Египет, е познат како „Хучи-Кучи“, или шими. Бил промовиран краток филм „Танцот на Фатима“, но заради „нескромниот“ танц, бил забранет.[се бара извор]

Томас Едисон има направено неколку филмови за танчарите во 1890-тите. Овде спаѓаат турскиот танц, Ела Лола, 1898г., и Криси Шеридан, 1897г., кои се достапни за гледање он-лајн. Уште еден од оваа колекција е танцот на принцезата Раја во 1904г., танц кој вклучува зилси (прстени цимбали) и танц на под.[се бара извор]

Додека на Запад е популарен прекрасниот класичен Ракс Шарки, многу танчари создадоа мешани форми како Американскиот племенски стил, кој е мешавина од фолклорни стилови на танц од Индија, Среден Исток и Северна Африка, па дури и фламенко. Танчарите во Америка го почитуваат потеклото на стомачниот танц, но внесуваат новости во формата на танцот. Некои жени во САД и Европа го користат стомачниот танц за зацврстување на телото, умот и духот.

Соединетите Држави[уреди | уреди извор]

Tribal-style belly dancers.

Стомачниот танц во САД навлегува на Светскиот саем во 1893г. Но најголемиот интерес се покажува во 1950-тите и 60-тите. Повеќето американци се запознале со танцот во ноќните клубови во големите градови, како Њујорк. Сопственици на овие клубови биле најчесто од средоземните земји, како грци, Турци, либанци и сиријци. Првично танчарите биле грци и Турци, но потоа и американци. Во доцните 60-ти и раните 70-ти многу од танчарите започнале да даваат приватни часови по танц. Тогач многумина се интересираат за се што потекнува од Истокот, па и танцот. Многу бендови од Истокот на турнеите со себе земале танчари за визуелно да ја прикажат нивната музика, што го зголеми интересот за танцот. Зголемениот интерес за танцот создаде разни имиња за исти прости движења, а учителите имале различни стилови за да се разликуваат едни од други. Така постојат повеќе форми на танц, но немаат национално признаени имиња. Движењето во Америка, наречено Американски племенски стил на стомачен танц, или АПС, претставува се од танцови инспирирани од фолклор до мешавина од древни танцови техники од Индија, Среден Исток и Африка. АПС е оформен во Сан Франциско од страна на Каролина Неричио. АПС се изведува во група, придружена од друга група која користи зилзи, или прстени цимбали. Музиката може да е фолклорна или модернам а костимите се лежерни. Сè уште влијаат мултикултурните трендови, како модата, филмот, телевизијата, кантри, реге, рок, р&б, џез, хаус и хип-хоп музиката, и многу други. Еден од најновите терндови во стомачниот танц е племенската фузија, која е комбинација на различни танцови форми, меѓу кои и традиционален египетски или кабаре стомачен танц, попинг и други стилови. Уште една нова мешавина е готички стомачен танц, кој е мешавина од повеќе стилови, со цел да се прикаже темнината на непознатото, инспирирано од музиката, филозофиите и стилот на готиката.

Канада[уреди | уреди извор]

A belly dancer in Calgary, Alberta, Canada in 2008

Канада во поглед на стомачниот танц е слична на САД, со многу различни стилови, од Ракс Шарки до џипси. Многу школи нудат часови за стомачен танц.

Обединетото Кралство и Република Ирска[уреди | уреди извор]

Како што стомачниот танц станал популарен на Запад, така се проширил и ви О.К. и Ирска, преку учење разни стилови, како традиционален, модерен, племенски, персиски, ориентален, турски, грчки, египетски, американско-племенски. Во различни региони се одржуваат различни фестивали и работилници, од кои најпознати се Годишна Гластонбери Мајма, Ракс Британија, Скапоценост од Јоркшир, Келаши-сет, стомачен танц во Вексфорд, Ирска и Рашани племенски стомачен танц во Даблин. Првиот Годишен меѓународен конгрес за стомачни танци беше одржан во септември 2007г. во О.К.

Австралија[уреди | уреди извор]

Првиот бран интереси за стомачен танц во Австралија е во 70-тите и 80-тите со доаѓањето на иселеници и бегалци од Блискиот Исток, особено од војната во Либан. Во тој период и музичарите од Блискиот Исток бегале од притисоците во регионот. Познат музичар од овој период е тапанарот Џамал Зраика. Има бројни познати изведувачи од овој период. Амера Еид е една од нив, која го основала и првиот бутик за облека за стомачен танц во Австралија, Палата на Амера, и Тереска Дрнзик, која ја основала првата школа за стомачен танц во Сиднеј, Академија за ориентални танци. Двете искусни танчарки и учителки учеле од Розета Ахалвеа, чија кариера траела четири децении. Најголемиот настан за стомачен танц е годишниот фестивал на танци од Блискиот Исток во Сиднеј, кој се одржува од 1990г. за хуманитарни цели. Во Австралија исто така е популарен и племенскиот стил на стомачен танц. Најпопуларна фигура од оваа сцена е Деви Мамак, првата австралијанка која добила сертификат за учителка за стомачен танц под водство на Царолина Неричио. Новите движења кои во Австралија ги развила Деви Мамак, заедно со нејзината група, Гавази Караван, се додаваат на официјалната листа од репертоарот во осмото видео.

Стомачен танц – мажи[уреди | уреди извор]

Male belly dancer in Istanbul Turkey.

Постојат дебати за тоа кога и каде мажите станале ден од светот на стомачниот танц. Во различни медиуми уметничката форма често се смета за женска, и нема простор за мажите во уметничка форма за која се смета низ историјата дека е женска. Доказ за спротивното се артисти како Мароко (Каролина Варга-Диничу), Тарик Султан, Јасмин Јахал и Лаурел Викторија Греј.[3] Сликовит доказ се јавните изведби за време на Отоманското Царство, во кои танцувале млади момци и момчиња на речени ќочеци. Овие танчари биле многу популарни; всушност султаните ангажирал група машки изведувачи како придружба на женските групи. Долго се претпоставувало дека овие танчари се женски имитатори, бидејќи носеле широки здолништа. Оваа споредба со женските изведувачи покажува дека овој костим се носел за да се постигне драматичност, заради лелеавиот материјал. Во ова време танчарките не носеле посебни костими, туку вообичаената облека, како „харемски“ панталони, долги кошули, превез и роба стегната на половината со појас или шал. Сепак, некои од машките изведувачи ги имитирале жените, заради тоа што тие не биле само танчари, туку и музичари и глумци. Ова е како во времето на Шекспир: сите драмски улоги ги играле мажи, затоа што жените не смееле да бидат изведувачи во јавност. Овие танчари биле толку популарни, што имало расправи за која група е најдобра. Овие препирања биле чести, што резултирало со забрана на такви изведби во 1830-тите. Со модернизација, забраната прекинала, и имало барање за такви изведби во Истанбул и Египет.[се бара извор] По барање на туристите, машките биле заменети со женски танчари.[се бара извор] Танчарите ќочек ги има сѐ уште во руралните заедници во Турција. Најмногу во областа Кастамоно. Ги има и на телевизија и на ДВД во Турција.[се бара извор]

Професионалната верзија на Ракс Шарки, развиена во Египет во 1930-тите, имала за цел да ја прикаже женската убаавина и гламур. И тогаш мажите имале споредна улога во развојот на Ракс Шарки. Всушност, многу од кореографите и учителите биле мажи, како Ибрахим Акеф (роднина на танцувачката ѕвезда Наима Акеф) и Махмуд Реда (основач на Реда ансамблот, првата театарска танцувачка група во Египет). Актуелниот тренд на машки изведувачи на овој танц започна во 60-тите и 70-тите во Соединетите Држави, со изведувачи како Ибрахим Фарах (американец со либанско потекло), Роман „Берт“ Баладин и Џон Комптон. Денес има повеќе познати мажи - изведувачи, не само во Америка, туку низ цел свет. Многу машки и женски танчари дебатираат за тоа дали постои разлика меѓу кустумите, однесувањето и динамиката кај машкиот и женскиот стомачен танц. Иако машките изведувачи ги има во многу помал број од женските, нивниот број драматично расте во последните дваесет години. Популарни машки танчари во САД и Латинска Америка од 1970-тите па до денес се Берт Баладин, Џон Комптон, Серџо, Хорацио Сифуентес, Касим од Бостон, Амир од Бостон, Адам Басма, Ибрахим Фарах, Јусри Шериф, Азис, Кемал, Амир Талиб, Марк Балахадиа, Франциско Каранца ( Мистер Стомачен танц на САД за 1989г.), канадскиот танчар Вализан, Џим Боз и Тарик Султан. Некои од нив се родени во Америка, некои се иселеници од Блискиот Исток и Европа. Басма е роден во Либан. Шариф (доаѓа од Египет, а се преселил во САД во раните 1990-ти) беше член на Реда Ансамблот, првата национална танцувачка група во Египет. Воден од Махмуд Реда, поранешен гимнастичар кој го претставувал Египет на Олимпијадите, Реда Ансамблот постоел повеќе од четири децении. Некои машки изведувачи влијаеле на оваа форма на танц, најмногу Хорацио Сифуентес, којсега е во Германија и кој го комбинира балетското искуство со различни видови на танци од Блискиот Исток за да издејствува на машките и женските стилови на стомачен танц. Тарик Султан од Њујорк даде придонес за документирање на историјата на улогата на мажот врз танцот. Неговото дело „Ориенталниот танц, не е повеќе само за жени“ е едно од најточните историски и културни дела на оваа тема. И Антони Шеј, авторот на Кореофобија, во неговото дело „Машкиот танчар“ ги напаѓа митовите дека танцот е исклучиво женска форма и дека машките изведувачи се само имитатори на жените. Тој нуди историски и културни извори како доказ за присутноста на мажите во танцот на Блискиот Исток, не само на социјално ниво, туку и на професионално. Многу машки танчари се признаени во светот како танчари со исклучителни способности, како египетскиот танчар Тито Сеиф, кој танцува во Шарм ел Шеик; сиријскиот танчар Џамил, изведувачи во Сиднеј, Австралија, и Тарик Султан, кој живее во С.А.Д, а редовно танцува во Египет. Покрај спротивставените мислења – дека танцот е изразување на моќта на жените, или дека танцот е „женска работа“, бројот на машките танчари во целиот свет расте и е сè повеќе прифатен.

Здравјето и стомачниот танц[уреди | уреди извор]

Стомачниот танц влијае добро и ментално и физички. Танцот е добар за кардио-васкуларни вежби и помага за поголема флексибилност и сила, фокусирајќи се на торзото, а влијае и на нозете. При повеќе стилови на стомачен танц се истакнува мускулна „изолација“, односно се учи движење на различни мускули или мускулни групи одделно. Користење на превез влијае на рацете, рамењата и генерално на горниот дел од телото, а зилсите влијаат на прстите. Стомачниот танц одговара за сите возрасти и градби на телото. Како вежба, преку стомачниот танц може да се согорат исто толку калории како и преку лесно џогирање, пливање или возење велосипед. Особено полезно е за жените бидејќи го намалува ризикот за остеопороза. Во зависност од ритамот на музиката и повторувањето на движењата, може да се забрза дишењето и ритамот на срцето, што помага за кардиоваскуларно засилување. Според Али, инструктор во студио, „една сесија стомачен танц движи стотици мускули, согорува калории и помага против стрес“. Еден час стомачен танц согорува скоро четиристотини калории. Предноста на стомачниот танц одговара на сите возрасти и градби на тело.[4] Многу стилови на стомачен танц влијаат на различни мускули или поединечно на мускулни групи. Танцување со превез влијае на горниот дел од телото, рацете и рамењата. Танцување со цимбали влијае на прстите. Движењето со колковите ги зацврстува стомачните мускули, како и мускулите на грбот.[5] Стомачниот танц со мал интензитет го подобрува метаболизмот. Ја подобрува и флексибилноста и е добра вежба за согорување калории. Во источната медицина, како и во физикалната терапија, центарот на телото игра важна улога. Според источната и индиската филозофија карлицата е извор насила и склад на енергија. Движењата кои се поврзани со стомакот и карлицата играат улога кај жената при породувањето, односно го олеснуваат. Стомачниот танц го намалува ризикот од остеопорозни заболувања. Истражувањата докажале дека стомачниот танц, како танц на целото тело, е добар и заштитува од остеопороза. Истражувањето на Анете Пафрат на Универитетот во Хамбург беше поврзано со менструалните проблеми на жените. За време на курсот, жените позитивни резултати во однос на нивната менструација, сексуалност и тело. Движењата при стомачниот танц се идеални за зрело тело. Сите органи кои се опфатени од хормонските промени при менопаузата се зајакнуваат со зголемена циркулација на крвта. Жените гледаат на стомачниот танц како откривање на убавината и моќта на нивното тело и како придобивка на физички и ментален план.

Забрана на стомачниот танц[уреди | уреди извор]

Стомачниот танц е забранет во некои области.[се бара извор] Во Египет постоеше забрана од една година за странските танчари, бидејќи египетските танчари се жалеле дека им ја крадат работата. Забраната прекина во септември 2004г.[6]

Стомачниот танц во поп-културата[уреди | уреди извор]

Стомачниот танц стана популарен во Латинска Америка со суперѕвездата Шакира, која комбинира стомачен танц, латино и други модерни стилови на танци. Иако е од Колумбија, нејзиното либанско етничко потекло влијае на нејзината музика и танц. Во многу епизоди од бразилската серија Клон, чие дејство се одвива во Бразил и Мароко, има сцени со стомачен танц. Стомачен танц има и во неколку делови од Џејмс Бонд. Стомачниот танц беше заштитен знак и на Р&Б-пејачката Алаја, која го нарекуваше вртење на телото и го има во повеќе нејзини видео-спотови. И други пејачи, како Бритни Спирс, Кристина Агилера, Џесика Симпсон, Сијара и Хилари Даф, изведуваат стомачен танц во нивните видео-спотови. Сепак, од сите поп-пејачки, Шакира е единствена која професионално танцувала стомачен танц. Денес овој танц живее во цел свет во различни варијанти и преку различни изведби. Постојат голем број натпревари за стомачен танц. Меѓу најпопуларните во САД се Арабески стомачен танц (Калифорнија), Стомачен танчар на Универзумот (Калифорнија), Стомачен танчар на годината (Калифорнија), Стомачен танчар на САД (Орландо), Колумба Џорџ – натпревар за стомачен танц (Орландо), Пустински оган (Тексас).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Donna Carlton (1995). Looking for Little Egypt. Bloomington, Indiana: International Dance Discovery Books. ISBN 0-9623998-1-7.
  • Belly dancing
  • Serena and Alan Wilson (1973). The Serena Technique of Belly Dancing. New York, NY: Pocket Books.
  • Julie Russo Mishkin and Marta Schill (1973). The Compleat Belly Dancer. Garden City, New York: Doubleday and Company Books. ISBN 0-385-03556-X
  • Coluccia, Pina, Anette Paffrath, and Jean Putz. Belly Dancing: The Sensual Art of Energy and Spirit. Rochester, Vt: Park Street Press, 2005.
  • Craine, Debra, and Judith Mackrell. The Oxford Dictionary of Dance. Oxford [England] ; New York : Oxford University Press, 2000.
  • Richards, Tazz. The Belly Dance Book. Concord, CA: Backbeat Press, 2000.
  • Shira. "Of Course Larger-Sized Women Can Bellydance!" Belly dance plus, 2008.
  • Smith, Stephanie. "Belly dancing: Swivel your way to fitness." CNN Health, 13 јуни 2003 : 3.
  • The NYTimes abo€ut the Male Bellydancer "Zadiel" Taking Bellydancing to Ballet Heights 2009
  1. Danse du Ventre is a colonial term given to women's dances of North Africa and the Middle East; Carlton, Donna. Looking For Little Egypt. Bloomington Indiana: IDD Books (1994): ix.
  2. Hanna, Judith (1988). Dance, Sex and Gender. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0226315517.
  3. Laurel Victoria Gray, "Dancing Boys," Arabesque magazine, Vol. 12 (May-June 1986). Gray discusses historical examples of male dancers, including those from the early centuries after the establishment of Islam, as well as the famous bacchas of Central Asia.
  4. (Shira 2008)
  5. (Coluccia, Paffrath and Putz 2005)
  6. Washington Times: [Egypt allows foreigners to belly dance] September 5 2004.

Предлошка:Dance