Стар мост (Велес)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стар мост
ПреминуваВардар
МестоВелес
Официјален називСтар мост
Особености
Видмост на диреци
Вкуп. должинам
Ширинам
Местоположба
Карта

Стар мост — мост на реката Вардар во Велес. Се наоѓа во јужниот дел на Велес со што тој е најстариот и најкраен мост на Вардар во Велес, пред влезот во Велешката Клисура. Ги поврзува градскиот пазар населбите Прцорек, Црна Џамија и Рамина на левата и населбите Мегдан, Долни Дуќани на десната страна на Вардар. Според Евлија Челебија, познатиот турски патописец, кој во 1661 година го посетил Велес и го опишал за првпат подетално, мостот бил изграден во времето на Мехмед II Освојувачот, во период од 1467/82 година[1]. Познатиот патописец го опишан како „ дрвен мост со 4 отвори“. Подоцна Аџи Калфа, современикот на Челебија, ќе запише дека во Велес постои мост со 2 стопи од камен во водата[1]. Долго време овој мост бил единствен премин преку Вардар и ја овозможувал комуникацијата на граѓаните од источната на западната страна во градот[1]. Според документите прв Устабашија (старешина –мајстор на мостот) бил Уста Мехмед[1]. Тој според кажувањата прв изградил куќа на почетокот на мостот, на место на денешната семејна куќа на Ванови. Подоцна, во пописот од 1528 година, за првпат се споменува дека имало и маало кое се викало „ Измеќари на мостот“, кое се наоѓало на левата страна на реката Вардар, како и занимање мостар - за чување, мерметисување и надгледување на Новиот мост (Yeny most)[1]. Стариот Мост, дури во 1544 година, за првпат, добил Устабашија – христијанин. Тоа бил Уста Рале[1]. Денес, мостот е отворен за сообраќај на моторни возила на две коловозни ленти, а веднаш до неговиот крај на десниот брег на Вардар минува железничката пруга за Гевгелија, на која има премин со рампи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Андреевски, Стоилко (30 јули 2016). „Стар Мост, најстариот мост во Велес“. Дума. Посетено на 10 март 2019.