Стадион Ландскрона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон стадионот

Стадион „Ландскрона“ е стадион во Шведска. Тој собира приближно 10.000 гледачи, од кои 3.500 се сместени во покриени седишта на јужната тераса. На истата локација има помали фудбалски терени и објекти за други спортови, вклучително и тенис. Местото е во сопственост на општина Ландскрона.

Историја[уреди | уреди извор]

Стадионот бил отворена на 20 јули 1924 година со фудбалски натпревар помеѓу Ландскрона БОИС и Б 1903, каде гостинскиот тим победил со 3–2.[1] Го замени поранешниот спортски терен Ландскрона Банан. Покрај домашните натпревари на Ландскрона БОИС, тој бил домаќин на еден шведски пријателски натпревар, како и некои натпревари во Европското првенство за играчи до 18 години на УЕФА во 1974 година. Сите четири домашни квалификации за турнирот УЕФА Евро 1992 на Фарските Острови се одиграле на стадионот.

Меѓународни натпревари[уреди | уреди извор]

  • Шведска - Естонија на 07 јули 1929 година.
  •  Младински натпревари  во фудбал од Европско првенство од 1974 година.
  • ШведскаФарски Острови, квалификационен натпревар за Европско првенство во 1992 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. David (29 July 2017). „Idrottsplatsen 95 år“ (Swedish). Bois Histoia. Посетено на 11 February 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)