Српска виолина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лужичкосрпски виолини

Српска виолина (горнолужички: Serbske husle) е име за два вида инструменти, кои ги користат Лужичките Срби во својата народна музика. Заедно имаат по три жици.

Од една страна се работи за голема виолина со должина од околу 60 cm. Таа се користи во католичките краеви на Лужица . Од друга страна Лужичките Срби имаат и една мала виолина која уште ја нарекуваат свадбена или виолина за венчавки. Оваа виолина најчесто се користи во околните места на Слепо во средишна Лужица. Музикантите свираат на неа само на свадбите и со придружба на лужичкосрпски гајди. Генерално Лужичките Срби денас ретко користат традиционални инструменти, но постојат фолклорни и други групи кои свираат на копии на стари лужичкосрпски виолини и гајди.