Средоземна фока-мечка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Средоземна фока-мечка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Pinnipedia
Фамилија: Phocidae
Род: Monachus
Вид: M. monachus
Биномен назив
Monachus monachus
(Hermann, 1779)
Распространетоста на средоземната фока-мечка

Средоземна фока-мечка (Monachus monachus)

Двата вида Monachus monachus се загрозени. Покрупниот вид, средоземната фока-мечка, се наоѓа на списокот на најзагрозени видови. Крзното може да има од темнокафеава до бледокафеава боја. Женките се покрупни од мажјаците, а младенчињата се раѓаат со црно крзно, што е голема реткост меѓу фоките. Овој вид фоки порано биле доста распространети, но, поради повеќевековното претерано ловење, нивниот вкупен број се намалил на само неколку стотици. Тие главно живеат во Средоземјето, но најголема е колонијата на атлантскиот брег на Мароко. Најблиска роднина на оваа фока е ретката хавајска фока-мечка.

Наводи[уреди]

  1. Aguilar, A. & Lowry, L. (2008). „Monachus monachus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 28 January 2009. Listed as Critically Endangered (CR A2abc; C2a(i); E)

Надворешни врски[уреди]