Средба со Жинзифов

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Средба со Жинзифов“ — поема на македонскиот поет Блаже Конески. Таа била напишана во 1946 година, а првпат била објавена во 1948 година како дел од збирката „Земјата и љубовта“ (издание на Државното книгоиздателство на Македонија). Подоцна, значително преработена на повеќе места, поемата била повторно објавена во збирката „Песни“ од 1953 година.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Поемата се состои од вовед и седум песни. Притоа, воведниот дел е составен од извадоци од неколку песни на Рајко Жинзифов. Во првата песна, поетот пее за прошетката по улицата Мирна во Москва, кога се присетува на Жинзифов. Во втората песна, авторот ја искажува желбата да појде на гробот на Жинзифов, но нема кој да му го покаже патот. Во третата песна, поетот го нарекува Жинзифов свој претходник и објавува дека го следи неговиот пат, а во четвртата песна води внатрешен дијалог со Жинзифов. Во петтата песна, авторот го замислува Жинзифов во неговата скромна соба, болен, далеку од родниот крај. Во шестата песна, авторот повторно посакува да го посети гробот на Жинзифов, а во последната песна го искажува својот завет дека споменот на Жинзифов нема никогаш да згасне.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Забелешки“, во: Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 235.