Сојуз на синдикатите на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е синдикален сојуз во Република Македонија. Тој е наследник на синдикалниот сојуз од времето на комунизмот. Во него членуваат 18 грански синдикати. ССМ има статус на набљудувач во Европската конфедерација на синдикати, а има аплицирано за прием во членство во Светската конфедерација на слободните синдикати. Од октомври 2010 година претседател на ССМ е Живко Митревски,[1] кој од 19 април истата година беше и вршител на должноста претседател на ССМ.[2]

Долго време неофицијално се сметаше дека ССМ е близок до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, но по преземањето на раководството на ССМ од страна на Живко Митревски преовладува мислењето дека ССМ е близок до ВМРО ДПМНЕ.

Во 2011 година ССМ има околу 76.000 членови,[3] а во 2009 - околу 115.000 членови.[4]

Историја[уреди]

ССМ е основан на Првиот земски синдикален конгрес на работниците и намештениците на Македонија, кој се одржал во Скопје на 18-21 август 1946 година. Во времето на комунизмот ССМ е единствениот синдикат што постои и делува во тесна врска со Сојузот на комунистите на Македонија. По падот на комунизмот, ССМ се прилагодува на новите услови на делување и на својот 14-ти конгрес во 1993 година донесува нов Статут и Програма за работа.

Во 2005 година во редовите на ССМ се разгорува судир помеѓу претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски. Како резултат на овој судир во јули истата година СОНК се отцепи од ССМ[5] и на 28 декември 2005 година дојде до формирање на нов синдикален сојуз, на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Членки на ССМ[уреди]

  • Синдикат на работниците од сообраќајот и врските (СРСВМ)
  • Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР)
  • Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ)
  • Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс (АГРО)
  • Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија (СТКЧ)
  • Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита (ССЗФСЗ)
  • Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП)
  • Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ)
  • Синдикат на хемија и неметали (СХНМ)
  • Мултиетнички синдикат за образование (МЕСО)
  • Македонски полициски синдикат (МПС)
  • Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници (СПТРМ)
  • Синдикат на работниците од шумарството и дрвната индустрија (СРШДИ)
  • Синдикат на работниците од графичката, информативната, филмската и издавачката дејност и производство на хартија (ГИФИХ)
  • Синдикат на работниците од трговијата (СРТ)
  • Синдикат на работниците од финансиските дејности (СФДМ)
  • Самостоен Синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија (ССЕСМ)
  • Синдикатот на Одбраната и Безбедноста

Досегашни претседатели на ССМ[уреди]

Потпретседатели на ССМ[уреди]

  • Живко Даневски
  • Павел Трендафилов
  • Тихомир Климовски
  • Роберт Симоноски

Наводи[уреди]

Литература[уреди]

  • Орде Иваноски и др. „Историја на синдикалното движење во Македонија“, Сојуз на синдикатите на Македонија, Скопје, 2008.

Надворешни врски[уреди]