Сончев вентил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сончев вентил дизајниран од Густаф Дален, 1912 година, TM34299 - Технички музеј, Стокхолм.

Сончев вентил ― вентил за контрола на протокот што автоматски го исклучува протокот на гас за време на дневна светлина. На својот пронаоѓач Густаф Дален му ја донело Нобеловата награда за физика во 1912 година. Последователно, други варијанти на сончеви вентили биле развиени за различни намени.

Даленов вентил[уреди | уреди извор]

Вентилот бил клучната компонента на Даленовото светло што било користено во светилниците од 1900-тите до 1960-тите.

Истакнати инженери, како Томас Едисон, се сомневале дека уредот може да работи. Германската канцеларија за патенти барала демонстрација пред да ја одобри пријавата за патент.[1]

Дизајн[уреди | уреди извор]

Вентилот е контролиран со четири метални прачки затворени во стаклена цевка. Средишната прачка која е поцрнета е опкружена со останатите три, полирани, прачки. Како што сончевата светлина паѓа на сите прачки, впиената сончева топлина ја проширува темната прачка, исклучувајќи го вентилот за да го прекине снабдувањето со гас. По зајдисонце, средишната прачка се лади, се стега и добива иста должина како и полираните шипки и го отвора доводот на гас. Гасот ќе биде запален од малото пилотско светло кое е вклучено секогаш.

Доверливост[уреди | уреди извор]

Системот на Дален за ацетиленско осветлување за морска навигација се покажа многу сигурен, како што е примерот на светилникот на островот Чумбе кај Занзибар. Овој светилник бил изграден во 1904 година, а бил автоматизиран и осамостален во 1926 година[2] Инсталацијата за ацетилено осветлување, контролирана од сончевиот вентил, остана во употреба се додека светилникот не отпочна со употреба на систем на сончева енергија (фотоволтаичен систем) во 2013 година.[3]

Други видови на сончеви вентили[уреди | уреди извор]

Во 1921 година, Френсис Еверард Лампло (инженер во ривалската фирма на АГА за обезбедување светилници - Chance Brothers) патентирал алтернативен „светлосен вентил“[4] со надеж дека ќе го разбие ефективниот монопол на Дален. Во следните години бил инсталиран на неколку светилници, но поради зависноста од течност можел да биде користен само на статични места (за разлика од вентилите на Дален, од кои многу биле инсталирани и на пловци).[5]

„Вентилот“ на Ламплог бил во облик на прекинувач, на кој биле монтирани две стаклени светилки, едната црна, другата проѕирна, делумно исполнета со течен етер и поврзани со цевка. Во текот на денот, топлината од сончевата светлина би предизвикала ширење на воздухот во црната светилка, принудувајќи ја течноста да влезе во проѕирната светилка, дополнителната тежина го превртува прекинувачот и ја прекинува струјата до светилката; во текот на ноќта или во други периоди со недоволна дневна светлина, процесот е обратен, при што струјата повторно се поврзува.[6]

Во 1935 година, на Едвин Х. Пендлтон му бил одобрен патент од Соединетите Држави, за сончев вентил активиран со двојка биметални ленти.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Sun Valve, History from the AGA website (archived link).
  2. Jeremy D'Entremont (August–September 2004). „Zanzibar's Chumbe Lighthouse Celebrates a Century of Service“. Lighthouse Digest. Архивирано од изворникот на 2017-09-27.
  3. „Historical Monuments“. Chumbe Island Coral Park. Архивирано од изворникот на 2017-07-18.
  4. Patent listing
  5. Chance, Toby; Williams, Peter (2008). Lighthouses: the Race to Illuminate the World. London: New Holland Publishers (UK) Ltd. стр. 243.
  6. „Photo“. Shipping Wonders of the World (3). 27 February 1936. Посетено на 5 декември 2023.
  7. Patent No. US1997598