Смреков губар (науч.Lymantria monacha) — средноголема ноќна пеперуга. Има дебело, кусо и влакнесто тело со широки крилја. Живее во иглолисни шуми. Презимува
во стадиум на јајце. Гасениците се хранат со иглички од смрека и од бор, но напаѓаат и листопадни дрвја, како бреза. Во поголеми популации предизвикува штети. Распространет е во цела Европа. Во Македонија овој вид се среќава поретко.[1]