Слобода на морињата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
МБ Слобода на морињата
MS Freedom of the Seas
Слобода на морињата кај крајбрежјето на Козумел, Мексико, на своето прво патување
Изграден: Акер Јардс (Турку, Финска)
Порачан: Септември 2003
Положен: 9 ноември, 2004
Спуштање: 19 август, 2005
Крстен: 12 мај, 2006 во Бајон, Њу Џерси
на Њујоршкото пристаниште
Прва пловидба: 4 јуни 2006 (Кариби)
Статус: во служба
Општи карактеристики
Тежина: 154,407 долги тони
Под вода: 8.5 метри
Должина: 338.77 m
Ширина: 38.6 m водна површина, 56.0 m есктремна (крила на мостовите)
Висина: 63.7 m (15 палуби)
Струја: Шест Вартсила 46 V12 дизел-мотори, секој со 12.6 MW (~17,000кс) придвижувајќи електрични генератори со 514 в/мс
Погон: Три ABB елетрични погони со Азипод сталак, два азимутни, еден фиксен. 4 додатни лачни турбини.
Брзина: 21,6 јазли (40 км/ч)
Луѓе: 4,370 патници; 1.360 посада
Вредност: ~750 милиони евра
Регистратура: Бахами

МБ Слобода на морињата (MS Freedom of the Seas) е крстосувач на Кралската Карипска Интернационала (Royal Caribbean International) и именител на неговата класа. Ова е вториот најголем патнички брод на светот (по Класа Оаза|класата Оаза), со капацитет за преку 4.300 гости на петнаесет палуби, опслужувани од преку 1.300 посада. Бродот држел титулата за најголем патнички брод сѐ до 2009 г. со изградбата на бродовите од класата „Оаза“, од истиот сопственик.

Изградба[уреди]

Бродот во изградба во Акер Јардс во Турку

Слобода на морињата е изграден од бродоградилиштето Акер Јардс во Турку, Финска кој исто така ги гради и другите бродови од класата Слобода. Со завршувањето на изградбата, овој брод станал најголемиот патнички брод на светот, земајќи му ја титулата на Кунардовиот брод „Кралица Мери 2“, за во 2009 г. да биде надминат од бродовите од класата „Оаза“.

Слобода е за 2,4 метри потесен од КМ2 на водното ниво, за 6 пократок и има за 1,5 помала подводна висина. Меѓутоа овој брод е поголем по тонажа и со тоа е вториот најтежок патнички брод во светот.

Содржини[уреди]

На бродот има три места за пливање; интерактивен воден парк, посебен базен за возрасни и главен базен. Има два џакузи кои надвиснуваат од страните на бродот. На Кралската Променада има кафуле, пицерија Сорентос, сладоледџилница Бен и Џерис, винарија, ирски паб, и многу фришопи. На 13-тата палуба има има спортски содржини како ѕид за искачување по карпи, FlowRider (бранопроизводител за сурф-симулација), терен за миниголф и правилен кошаркарски терен. Други содржини се лизгалиште, казино, ресторан Џони Рокетс, Wi-Fi можности низ целиот брод, телевизори со рамен екран во сите кабини, како и здружливост за мобилни телефони.


Факти и податоци[уреди]

  • Бродот има 30 чамци за спасување.
  • Трошокот на работење изнесува 1 милион американски долари дневно.
  • Има 750,000 светилки и 4,700 уметнички дела, а користи 35,000 kg мраз дневно.
  • Најголемиот апартман има 113 м², во кој може да спијат 14 гости, има 5 телевизори, свое џакузи и бар.
  • Бродот троши околу 106.000 литри гориво дневно.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Претходник
Кралица Мери 2
Најголем патнички брод на светот
2006–денес
Наследник
Оаза на морињата