Свеченост на расцутените сливи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свеченост на расцутените сливи е јапонски празник кој се прославува на 3. март. Празникот е посветен на децата и тогаш родителите им поклонуваат кукли. Притоа, куклите се поставуваат на посебна полица, специјално направена за таа цел, а потоа од нив се избираат крал, кралица, дворјани и слуги. За таа прилика се служи слатко јапонско вино од ориз, гостите доаѓаат да ги видат куклите, а девојчињата глумат возрасни домаќинки и ги служат гостите со слатки и со вино.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Džigokuhen“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 5.