Сања Пановска Миланова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сања Пановска Миланова (16 февруари 1978, Сараево) — македонска диригентка и пијанистка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сања Пановска Миланова е родена во Сараево, каде го започнала музичкото образование. Во 1990 година, освоила прво место на детскиот југословенски фестивал „Децата пеат хитови“ во Нови Сад.

Во 1992 година со семејството се преселила во Скопје. Дипломирала пијано на инструменталниот отсек при Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор Зоран Пехчевски. Магистрирала хорско диригирање во класата на професор Сашо Татарчевски.

Во периодот од 2015-2016 година, Сања Пановска Миланова го водела мешаниот хор „Кочо Рацин“, а од 2017 година, го основала и го води џез хорот „Артизан“.[1]

Музички ангажмани[уреди | уреди извор]

Со мешаниот хор „Кочо Рацин“ настапиле на меѓународниот хорски фестивал во Тетово „Техо“, на „Карпошово лето“, а одржале и неколку целовечерни самостојни концерти, меѓу кои и јубилејниот концерт на „Кочо Рацин“, 70 години од постоењето.

Со мешаниот џез хор „Артизан“ првиот јавен настап го имала на 13 октомври 2017 година, со премиерна изведба на „Миса на изгрејсонцето“ од Ола Јеило,[2] во Музеј на Град Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]