Џез хор „Артизан“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Настап на хорот, 13 октомври 2017 година

Џез хор „Артизан“ е мешан хор создаден во април 2017 година во Скопје, под диригентската палка на Сања Пановска Миланова. Репертоарот на хорот го сочинуваат класични и џез композиции.

Првиот јавен настап на хорот бил на 13 октомври 2017 година, со премиерна изведба на „Миса на изгрејсонцето“ од Ола Јеило,[1] во Музеј на Град Скопје. Веќе следната година 2018, на 30 април во Македонската филхармонија како дел од меѓународен ден на џезот имале самостоен концерт на којшто за првпат се изведени композиции од Битлси со хорски аранжмани.

Досега хорот настапил на неколку манифестации, меѓу кои „Недела на археологијата“,[2] „Светскиот ден на бегалците“ и други.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]