Руми маки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цивилизација на Инките
Знаме на Инките.
Општество
кечуански јазик
Сапа Инка
образование
религија
митологија
архитектура
патен систем
армија
земјоделство
кујна
Историја
Кралство Куско
Тавантинсују
шпанска колонизација


Руми Маки е воена вештина што ја користеле Инките. Оваа техника настанала како комбинација на воени елементи од Мичесите, Чавините, Тиахуанакосите и останати околни народи. Името на кечуански јазик значи „камена тупаница“

Видови системи[уреди]

Рими маки е поделена на пет системи:

  • Лама
  • Алпака
  • Викуња
  • Кондор
  • Сонце

Лама Руму Маки[уреди]

Системот се состои од гурања, блокови и сите напади се вршат само со рацете. Основа на нападот е тупаницата.

Алпака Руми Маки[уреди]

Овој систем е составен од одбрана и напад со стапала и колена. Исто така, натколеницата и потколеницата се користат за одбрана, покрај нападот.


Викуња Руми Маки[уреди]

Овој систем се базира на грабнување на противникот и борба со раце.

Кондор Руми Маки[уреди]

Овој систем е фокусиран на скокови и напади со паѓање, како на пример техниката „летечки удари“.

Сонце Руми Маки[уреди]

Претходните четири системи се независни една од други, што не е случај со овој систем. Ситемов е комбинација на сите претходни системи и е највисоко ниво на оваа боречка вештина. Исто така, овој систем вклучува оружје, но и останати додадтни боречки техники.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

AUKA WASI - La Casa del Guerrero (in Spanish)