Рудник „Радуша“

Координати: 42°05′04″N 21°13′35″E / 42.08444° СГШ; 21.22639° ИГД / 42.08444; 21.22639
Од Википедија — слободната енциклопедија

Поглед на објекти на поранешниот рудник „Радуша“

Радуша — поранешен рудник на хромова руда, кој се наоѓа на 18 километри северозападно од градот Скопје. Околу рудникот била создадена рудничка колонија, која и денес се води како посебна административна единица со името Рудник Радуша.[1] Рудникот влегувал во рамки на ХЕК „Југохром“.

На местото на депонијата на рудникот се создало езеро Радуша (акумулација „Такбол“), откако рудникот престанал да работи.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Радушкиот масив е најголем (околу 70 километри) и се смета за најрудоносен. Во неговиот подински дел преовладуваат дунити и харцбургити, каде што се и најзначајните рудни тела. Средната зона на масивот е изградена од харцбургити и лерзолити, каде што хромната минерализација е незначајна. Во кровинскиот дел дунитите се позастапени и минерализацијата е поприсутна. Хромните рудни тела се поврзани за дунитите со едноставна минерализација. Вкупните рудни резерви се 649.905 тони.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Рудникот не бил оштетен за време на Скопскиот земјотрес, но сите негови инженери освен еден настрадале во земјотресот.[3]

Рудникот Радуша заминал во банкрот во 1974 година.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Радулов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1244. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 „Фото алманах Сарај“ (PDF). Посетено на 6 февруари 2022.
  3. „Штетите што ги направи земјотресот (1) | okno.mk“. okno.mk. Посетено на 2022-02-06.

42°05′04″N 21°13′35″E / 42.08444° СГШ; 21.22639° ИГД / 42.08444; 21.22639