Росочка Река

Координати: 41°34′09″N 20°41′35″E / 41.56917° СГШ; 20.69306° ИГД / 41.56917; 20.69306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Росочка Река
Местоположба
Физички особености
УстиеТресонечка Река
Должина5
Особености на сливот
ТечениеТресонечка РекаМала РекаРадикаЦрн ДримЈадранско Море

Росочка Рекарека која потекнува од селото Росоки, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Се влева во Тресонечка Река, која подоцна заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река).

Извор[уреди | уреди извор]

Реката извира непосредно над селото Росоки, од карстен извор. До самиот извор постои патека која води од селото.

Воден потенцијал[уреди | уреди извор]

Реката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Росоки. Како резултат на големиот месечен проток на вода од Росочка Река — 1,603 м3с[1] — дел од реката се зафаќа за градскиот водовод на Дебар. Капацитетот на цевководот е со 200 л/ч, кој поминува на некои места над Росочка Река. Покрај Дебар, од овој цевковод како вода за пиење ја користат и селата Долно Косоврасти и Могорче.[2]

Покрај тоа, реката е планирано да биде дел од идниот хидросистем „Бошков мост“, кој се предвидува да биде изграден во овој крај, за што била изработена и соодветна студија од страна на Електрани на Македонија.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „ХЕ „Бошков Мост" (PDF). Електрани на Македонија. Посетено на 16 ноември 2015.
  2. 2,0 2,1 Геинг КуК (јули 2011). „Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјални аспекти“ (PDF). Електрани на Македонија. Скопје. Посетено на 22 ноември 2015. Недостасува |author1= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°34′09″N 20°41′35″E / 41.56917° СГШ; 20.69306° ИГД / 41.56917; 20.69306