Ромска азбука

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ромската азбука е поим со кој се опфаќаат неколку латинични, кирилични и други системи на пишување кои се користат за запишување на ромскиот јазик и неговите дијалекти. Ромскиот јазик до 20 век не бил пишан јазик, иако првиот пишан документ на ромски датира од 1542.[1] Во зависност од тоа каде се зборува јазикот, така варира и ромската азбука. Нема стандардизиран ромски правопис.

Азбуки[уреди]

Влашкоромска азбука[уреди]

Оваа азбука за пишување на ромскиот јазик, поточно на влашкоромскиот јазик, е сет на правописни правила за запишување на јазикот. Азбуката е базирана на латиницата. Сепак, гласовите и буквите варираат од регион до регион.

буква глас пример
A a /a/ akana сега
B b /b/ barvalo богат
C c /ts/ cirdel влече
Č č /tʃ/ čačo вистина
Čh čh /tʃʰ/ čhavo момче
D d /d/ dorjav река
Dž dž /dʒ/ džukel куче
E e /e/ ertimos проштевање
F f /f/ foros град
G g /ɡ/ gadže нером
H h /h/ harmasari ждребе
I i /i/ ičarel крши
J j /j/ jag оган
K k /k/ kaj каде
Kh kh /kʰ/ khamesko сончево
L l /l/ lašo добро
M m /m/ manuš маж
N n /n/ nav име
O o /o/ oxto осум
P p /p/ pekel пече
Ph ph /pʰ/ phabaj јаболко
R r /r/ rakli девојче
S s /s/ sunakaj злато
Š š /ʃ/ šukar благо/добро
T t /t/ taxtaj филџан
Th th /tʰ/ them земја
U u /u/ усна
V v /ʋ/ voro братучед
X x /x/ xarano мудар
Z z /z/ zeleno зелено
Ž ž /ʒ/ žoja четврток

Кирилица[уреди]

Кирилична азбика за калдарешкиот дијалект[2]

А а Б б В в Г г Ғ ғ Д д Е е Ё ё Ж ж
З з И и Й й К к Кх кх Л л М м Н н О о
П п Пх пх Р р Рр рр С с Т т Тх тх У у Ф ф
Х х Ц ц Ч ч Ш ш Ы ы Ь ь Э э Ю ю Я я

Кирилична азбука на рускоромскиот дијалект[3]

А а Б б В в Г г Ґ ґ Д д Е е Ё ё
Ж ж З з И и Й й К к Л л М м Н н
О о П п Р р С с Т т У у Ф ф Х х
Ц ц Ч ч Ш ш Ы ы Ь ь Э э Ю ю Я я

Ромскиот во Македонија[уреди]

Ромскиот во Македонија се пишува на латиница[4]:

A a B b C c Ć ć Č č D d DŽ dž E e
F f G g GJ gj H h I i J j K k KH kh
L l LJ lj M m N n NJ nj O o P p PH ph
R r S s Š š T t TH th U u V v Y y
X x Z z

Оваа азбука се користи во образованието за Ромите. Кепески и Јусуф (1980) во нивната книга „Ромска граматика“, навеле дека следнава азбука се користи во Македонија и Србија од страна на Ромите:[5]:

A a Ä ä B b C c Č č KJ kj (Ćć) D d GJ gj (Ǵǵ)
DŽ dž E e F f G g H h X x I i J j
K k L l LJ lj M m N n NJ nj O o P p
Q q R r S s Š š T t U u V v Z z
Ž ž

Други писма[уреди]

Покрај кирилицата и латиницата, ромскиот јазик се пишува(л) и со други писма. Во Грција се користи грчкото писмо за пишување на ромскиот (иако многу малку се пишува на ромски во Грција). Во Иран, на пример, се користи арапското писмо за запишување на јазикот.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Matras, Yaron (2002). Romani: A Linguistic Introduction, Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-512-02330-0.
  2. http://www.evertype.com/alphabets/romani.pdf
  3. M. Serghievsky, A. Barannikov. Romani-Russian dictionary. Moscow, 1938
  4. I čhib thaj i kultura e Romengiri, eucebnici.mk
  5. Romani alphabets: Kepeski and Jusuf

Надворешни врски[уреди]