Ристо Кантарџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Кантарџиев
Роден 13 мај 1917
Струмица, Царство Бугарија
Починал 27 мај 2001(2001-05-27) (возр. 84)
Скопје, Република Македонија
Националност Македонец
Занимање педагог
историчар
универзитетски професор

Ристо Борисов Кантарџиев (Струмица, 13 мај 1917Скопје, 27 мај 2001) — македонски педагог, историчар и универзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Кантарџиев е роден е на 13 мај 1917 година, за време на Првата светска војна, во градот Струмица, кој тогаш се наоѓал во границите на Царството Бугарија, а по војната бил предаден на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна Кралство Југославија. Кантарџиев учел педагошко училиште, кое го завршил во 1938 година. Високото образование го стекнал по Втората светска војна. Дипломирал педагогија на Филозофскиот факултет во Белград во 1949 година. Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1960 година на тема „Школството во Македонија од крајот на XVIII до 70-те години на XIX век (со особен осврт на македонското преродбенско училиште)“.[2] Работел како учител во гевгелискиот крај. Од 1950 година работел на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што од 1972 година бил редовен професор. Предавал општа и национална историја на педагогијата. Од 1973 до 1975 година бил декан на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1967 до 1979 година раководел со Катедрата за педагогија. Неговата научно-истражувачка дејност главно се однесува на школството во Македонија во 19 век, во периодот на преродбата. Тој бил главен уредник на македонското списание „Просветно дело“ 25 години, од 1951 до 1977 година. Кантарџиев се пензионирал во 1983 година. Починал на 27 мај 2001 година во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Кантарџиев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 668. Text "series " ignored (help)
  2. „Школството во Македонија од крајот на XVIII до 70-те години на XIX век (со особен осврт на македонското преродбенско училиште)“. Репозиториум на трудови на УКИМ.