Регионален пат 2431 (ознака: Р2431) — регионален пат во Македонија, со насока на движење југ-север. Има вкупна должина од 42,5 километри и 4 делници. Патот започнува во градот Радовиш и се искачува на Плачковица преку селото Козбунар и треба да прејде на другата страна кај селото Вртешка, но тој дел од патот не е проектиран и со тоа вкупната должина на патот не е во целост. На крај патот од Вртешка се спушта од Плачковица во штипскиот дел кај селото Аргулица.[1]