Разговор со корисник:Payton

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте!

Здраво, Payton, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Kiril Simeonovski (разговор) 03:48, 19 мај 2012 (CEST)[одговори]

Наградени сте![уреди извор]

Уредничка награда
Секоја чест за уредувањето на нови статии. Продолжете така и понатаму.:) Kiril Simeonovski (разговор) 12:58, 22 мај 2012 (CEST)[одговори]

Преместување на статии[уреди извор]

Здраво Payton. Со должна почит кон Вашата желба да помогнете во подобрување на Википедија на македонски јазик, би Ви препорачал да се придржувате кон правилата за предавање на туѓите имиња во македонскиот јазик согласно Правописот пред да правите било какви преместувања. Ви благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:19, 15 мај 2017 (CEST)[одговори]

Ама грешни се имињата. Фудбалерот се вика Сидорф, не Зејдорф. Сите коментатори го викаат Сидорф.

Здраво Payton. Википедија на македонски јазик го користи литературниот јазик и ние се водиме според правилата за предавање на туѓите имиња пропишани во Правописот на македонскиот јазик. Според тоа, неправилностите во разговорниот јазик на коментаторите и новинарите немаат никакво значење. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:26, 15 мај 2017 (CEST)[одговори]

И српските коментатори го викаат Сидорф. И по весници го пишуваат Сидорф.

Во врска со српските коментатори не можам да дадам мислење пред да прочитам кое е правилото согласно Правописот на српскиот јазик. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:35, 15 мај 2017 (CEST)[одговори]

Kiril Simeonovski зошто не ми работи акаунтот? Изгледа нешто е заглавена Википедија. Kiril Simeonovski тука си?

Здраво Payton. Во продолжение Ви укажувам на правилата за предавање на германскиот и холандскиот јазик од последното издание на Правописот на македонскиот јазик од 2015 година.
  • на стр. 198 е прикажана табела во којашто е пропишано дека германската графема „ay“ на македонски се предава како „ај“, а како примери е наведено предавањето на Bayern во Бајерн, Mayer во Мајер, Bayreuth во Бајројт' и Bullay во Булај; и
  • на стр. 276, во став в) е пропишано дека холандската самогласка „e“, како и удвоената самогласка „ee“, на македонски се предава како „е“; додека на стр. 277, во став м) е пропишано дека холандската согласка „s“ (единечна или удвоена) се предава како „с“, освен кога „s“ се наоѓа во позиција меѓу две самогласки кога се предава со „з“.
Сега ќе Ве одблокирам и ќе Ве замолам во иднина да продолжите со конструктивно уредување, придржувајќи се кон правилата и прописите на македонскиот литературен јазик. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:07, 15 мај 2017 (CEST)[одговори]
P.S. Ок Одблокиран сте и сега можете да продолжите со уредување. Поздрав. :)--Kiril Simeonovski (разговор) 16:09, 15 мај 2017 (CEST)[одговори]