Разговор со корисник:INkubusse/Архива 4

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 4


Признание за вашиот придонес[уреди извор]

Јас brest, доделувам златна тегла ајвар за исклучителни придонеси на Македонската Википедија на INkubusse. brest 12:29, 5 февруари 2008 (UTC)

Честитки за теглата ајвар, Александар. И ајде - те нема (колку неблагодарно од моја страна: мислам дека заедно со Фичо и уште некои други, ти ја оддржуваше Википедија изминативе два-три месеци; а јас не бев тука воопшто). Како и да е - требаш. --Виктор Јованоски 18:28, 5 февруари 2008 (UTC)

Како си, Аце? Се враќаш ли назад? --Виктор Јованоски 22:38, 17 февруари 2008 (UTC)

Ејј, фала ви многу, и за теглата, и за честитката, стварно ми значи! :D Пријатно ме изненадивте. Фала ви многу за убавите зборови, ме поттикнуваат ;) Јас бајаги бев отсутен, само одвреме-навреме некоја ситна грешка поправав, ама ништо не пратев, ќе ми треба време сега пак да се привикнам. Инаку бев отсутен затоа што премногу се напнав, заради постојаните напади од источна страна, па морав малку да се смирам. Еве сега ќе гледам пак да се активирам, полека, но сигурно. Фала уште еднаш! :D --Поречанец A? 21:56, 18 февруари 2008 (UTC)

Добредојде назад, те немаше долго време. Поздав!--brest 11:33, 19 февруари 2008 (UTC)

Добредојде и од мене. Поздрав--Астрион 18:08, 19 февруари 2008 (UTC)
Добро, нека биде пилат Понтиј, но според тебе каде да ја категоризирам--Астрион 21:58, 19 февруари 2008 (UTC)
Не, не, грешно си ме разбрал. Викав за категориите (и слични работи) да видиш од англиската, така е најпаметно, тие секогаш си имаат сѐ средено. А името дефинитивно „Понтиј Пилат“ ;) Значи, категориите отприлика: нешто со Стар Рим, можеби Стари Римјани или нешто друго со Стар Рим, понатаму нешто со Библијата, можеби Библиски личности или нешто така, исто така и Христијанство... Отприлика :D --Поречанец A? 22:24, 19 февруари 2008 (UTC)

Држави[уреди извор]

Само да те известам Александар (зашто видов дека си правел нешто за Естонија) дека нема потреба веќе да се користат тие flagicon-шаблони и да се создаваат нови шаблони за државите и знамињата. Види овде. Поздрав, --Виктор Јованоски 13:33, 22 февруари 2008 (UTC)

Хаха, сега сум како Остин Пауерс, не можам да се привикнам на новостите, уште сум олд-скул :D Фала за информацијата, не знаев дека сте направиле вакво нешто. Многу добра работа, ако си ги правел сите сам, секоја чест, многу добра работа! Ако ги правел бот, браво за програмерот :P Ок, од сега тие ќе ги користам, многу полесно ќе биде, и уште еднаш фала што ме извести на време. --Поречанец A? 17:13, 23 февруари 2008 (UTC)

Кошарка[уреди извор]

За категориите под кошарка, ќе додам еден играч, Мет Бонер - види под скорешни, и среди ги категориите како преседент, да не ја правиме истата работа 2 пати. --Gorjan 16:19, 29 февруари 2008 (UTC)

Ок, само ќе те замолам оставај потпис кога пишуваш на страници за разговор, знаеш, со четирите тилди ( ~~~~ ). --Поречанец A? 15:23, 29 февруари 2008 (UTC)
Interwiki-te на гресно место водат, но ајде. Посекако, сега со то што го гибаше, кај Мет Бонер има категорија „НБА шаблони“ што не треба да е таму. Пред да гибаш не беше таму, па се надевам знаеш да ја тргниш. --Gorjan 16:30, 29 февруари 2008 (UTC)
Не се грижи ти, си ја знам добро работата, сум ја заборавил категоријата, не треба да стои во шаблонот. Еве сега е добро. Ќе средам и со категории и сѐ ќе средам, не се грижи ;) Само те молам прочитај ја таа жолтата кутија што е најгоре на страницата. Таму пишува за пораките како се пишуваат, некои работи што ќе ти помогнат (ако пишуваш за сосема нова тема, почни нов наслов со == ==; ако одговараш на претходна порака за некоја тема, само стави дветочки пред твојата порака; и други работи :) ). --Поречанец A? 15:38, 29 февруари 2008 (UTC)

Здраво[уреди извор]

Да те замолам ова да го видиш. пред некое време го напишав овај шаблон за кошаркари заснован на фудбалерскиот шаблон, на пример за горан пандев. ама, текстот го турка шаблонот надолу. дур не го поправиме, не прам повеке од една статија да не се искомплицира. еве ја едистрвената: Хосе Калдерон. иначе супер ти оди со кошаркарските категории, good luck Gorjan 11:45, 3 март 2008 (UTC)

Немаше |} на крајот на шаблонот, сега стои кај што треба да стои. Инаку, за шаблоните исто така не мора да се мачиш, како и за категориите, само кажи ми мене, ќе ти направам каков сакаш шаблон. Најчесто само ги преведуваме и модифицираме оние на англиската Википедија, па така ќе направам и со Шаблон:Инфокутија Кошаркар. Ти грижи се за содржината, што повеќе пишувај, најпаметно би ти било главното да го преведуваш од англиската, а за техничкиот дел јас ќе се погрижам ;) Инаку, морам да ти напоменам неколку работи во врска со стандардите што мораме да ги следиме за Википедија да изгледа убаво:
  • правопис:
    • Придавките се пишуваат со мала буква. Пример: „шпански јазик“, „американска кошарка“
    • Децималните броеви се пишуваат со запирка. Пример: 3,2; 5,0
  • технички детали:
    • Не [[Торонто Рапторс|„Рапторси“]], туку [[Торонто Рапторс|Рапторси]] (излез: „Рапторси“)
    • Не мора [[Шпанија|Шпанија]], може само [[Шпанија]]
    • Слично, не мора [[Германци|Германците]], може само [[Германци]]те (излез: Германците)
    • Ако во еден параграф повеќе пати се спомнува (на пример) „Шпанија“, само првиот пат кога е спомената треба да стојат загради околу зборот ([[ и ]]), односно само еднаш во еден параграф треба да има внатрешна врска за еден ист поим. Пример:
Монтетрпе живее во Шпанија. Шпанија е неговата татковина. Жена му не е од Шпанија. :)
    • Кога пишуваш нова статија, би било убаво да ставаш интервики линк барем од англиската верзија на статијата (пример: [[en:José Calderón (basketball)]]). Е сега, финтата е да ставиш интервики линк и на англиската статија до нашата статија ([[mk:Хосе Калдерон]]). Ако го направиш тоа, постојат ботови што ќе ги поврзаат сите верзии на таа статија (ќе ги додадат другите интервики врски).

Тоа ми текнува моментално да ти напоменам, инаку има и многу други ситни детали што многу значат и што ќе заштедат драгоцено време. Википедија е интересен феномен што се учи со тек на време, само треба да имаш волја ;) Ако ти треба нешто друго, викај, тука сум! --Поречанец A? 15:01, 3 март 2008 (UTC)

Фала за добредојдето! Сакам да имам малце разговор за политиката во Македонија. Што се случува со Албанците сега? Навистина ќе паѓа ли владата? Дали ќе се заебаме? Балканец Да? 08:50, 16 март 2008 (UTC)

Молам, чест ми беше што те пречекав јас :) Не, не е толку лоша ситуацијата, изгледа некој ве плаши таму :) Е сега, не е ни добра, ама многу е посложено, премногу за да може да се зборува на Википедија. Ти пратив моја адреса, ако сакаш повеќе муабет ;) Поздрав! --Поречанец A? 19:31, 17 март 2008 (UTC)
Извини, поактивен сум во англиската, и не видов до сега... ти пратив одговор по е-пошта. Паздрав Балканец Да? 10:50, 18 март 2008 (UTC)
Ок, сега видов, добро што ми кажа :) Инаку, мислам дека ќе се погодиме со времето, зашто јас обично си легнувам во 5-6 наутро, мене времето не ми е UTC+1 :D Е, арно ама во последно време сум многу зафатен, со школо и такви работи, не знам колку ќе имам време :( Ај ќе видиме ;) --Поречанец A? 20:14, 18 март 2008 (UTC)
Добро. Кога имаш време само прати ми порака (по е-пошта) и ќе си правеме муабет. Балканец Да? 13:25, 20 март 2008 (UTC)

Прашање[уреди извор]

Здраво! Како поправилно да се пишува "Населени места во општина Благоевград" или "Населени места во Општина Благоевград"? Поздрав! --Мизиец 20:25, 20 март 2008 (UTC)

Јас мислам дека треба „Населени места во Општина Благоевград“, но одамна не сум се сретнал со овој дел од правописот, можно е и да грешам! Мислам дека треба „..во град Скопје..“, а за општините е големо „О“. Ама сепак најдобро би било да го прашаш Јанкулоски за ова. --Поречанец A? 15:38, 21 март 2008 (UTC)

Do you speak Greek?[уреди извор]

Milas Ellinika? Do u speak Greek?--213.151.217.137 20:05, 21 март 2008 (UTC)

Όχι. No. Why? --Поречанец A? 14:17, 22 март 2008 (UTC)

Помош !!![уреди извор]

Здраво, INkubusse. те молам доколку сакаш да ми помогнеш околу шаблонот за руските владетели, незнам како да ги спојам сите во еднен. мислам дека ме разбра, доколку не, види на бугарската википедија. Позз--Астрион 14:45, 22 март 2008 (UTC)

Па мислам дека бугарското е сосема во ред, со мали измени. Еве види. --Поречанец A? 17:25, 22 март 2008 (UTC)
Фала, токму тоа и го барав. Пиоздрав--Астрион 17:43, 22 март 2008 (UTC)
Молам, повели и друг пат ;) --Поречанец A? 19:36, 22 март 2008 (UTC)

Пред се, нов сум тука и многу работи незнам да ги направам, и затоа барам помош од постарите членови тука да ми помогнат околу статиите и информациите кои ги внесувам. Каде да најдам добро упатство како да направам своја страна за разговор, линкови, и сите финти и цаки кои ги има во Википедија? --zocky 15:49, 24 март 2008 (UTC)

Пред сѐ, би почнал од тоа како да го оставаш својот потпис на страници за разговор. Кога пишуваш нова порака на некоја страница за разговор, секогаш оставај го твојот потпис со тоа што ќе напишеш четири тилди (вака: ~~~~) на крајот од пораката. Но никогаш немој да го оставаш потпис на статија! Потписот обично содржи линк до твојата корисничка страница, ама твојов сега не содржи, веројатно затоа што си сменил некоја опција (види во „мои прилагодувања“). Приметив дека потписот го ставаш во нов ред и оставаш едно празно место: немој да го правиш тоа. ;)
Упатства можеш да најдеш на оваа страница, ама повеќето упатства не се добро преведени од англиската Википедија, па ако разбираш англиски, најдобро би ти било да погледнеш тука. Таму има сѐ што ти треба, само ако си упорен. Ако ти треба помош за конкретни работи, можеш да ме прашаш мене или било кој друг поискусен корисник.
Сега имам да ти кажам само за потписот и за уште една работа. До копчето „Зачувај ја страницата“, има едно копче „Прегледај“. Многу е практично да го стискаш тоа копче пред да ја зачуваш страницата, за да видиш како изгледаат промените што си ги направил и да провериш да не си направил некоја грешка. Откако ќе бидеш сигурен дека си завршил, тогаш стисни „Зачувај...“. --iNkubusse 16:59, 24 март 2008 (UTC) <- вака треба да изгледа потписот :D

Благодарам, и денес нешто научив, а страната која ја уредував се надевам дека ќе ја провериш, и ако мислиш дека нешто треба да биде поинаку поставено кажи ми како да го направам тоа. Сега за сега научив имињата да ги означам за да се поврзе со основната нивна страна. Сеуште незнам како да вметнам слика, и незнам како да направам ваква страна каква што имаш ти па те молам за помош. --zocky 17:11, 24 март 2008 (UTC)

Уште нешто: во еден параграф треба да има само еден линк до одредена статија (прочитај го ова неколку пати). Тоа значи, ако во еден параграф повеќе пати се спомнува (на пример) „Шпанија“, само првиот пат кога е спомената треба да стојат загради околу зборот ([[ и ]]), односно само еднаш во еден параграф треба да има внатрешна врска за еден ист поим. Пример:
  • Монтетрпе живее во Шпанија. Шпанија е неговата татковина. Жена му не е од Шпанија. :)

наместо:

Ако нешто не ме разбираш, слободно препрашај.
Тоа за корисничката страница е сложено, ќе научиш со време, не брзај. За почеток можеш само да ставиш кориснички кутии за јазиците што ги познаваш и основни информации. Ќе ти ги средам јас тие работи, само малку подоцна, сега морам да се исклучам.--iNkubusse 16:59, 24 март 2008 (UTC) <- уште еднаш види во „мои прилагодувања“ за потписот ;)

Океан Елзи[уреди извор]

Здраво. Мислам дека повеќе мораш да ме пцуеш што не го знам како што треба, иако сум Македонец на четврт. Ама сепак украински го знам како мајчин јазик, и затоа ти не можеш да се натпреваруваш со мене во оваа област.

Ево, тоа што тие се Руси видливо е преку нејзините имиња. На пример, Гудимов (рус) / Гудімов (укр.), ако би бил Украинец, би се викал Гудимів на украински. Транслитерација на англиски не значи ништо, и повеќе од тоа, во еден разговор на српската википедија јас убедливо докажав дека и украинското „г“ не треба да се пишува како „х“ на српски, туку како „г“, а според тоа и на македонски.

Иначе, ако се придржуваш кон правилото што го наведе, треба да преместиш и Виена во Вин, и Киев во Киив, и Белград во Београд, и така натаму. Секогаш треба да се наоѓа традиционалното име за градот во јазикот на кој што се пишува една статија, и особено преференција не мора да му се дава на официјалното име ако е зборот за Украина како многународна земја со големата историја која често нема однос кон украинскиот јазик. (Исто така како и римската историја нема однос кон италијански.) Сега уште еднаш го проверив името во гуглот, и тој вели дека правилното име е Лавов и само така не, тоа си биле малку неправилни резултати правилните ги гледај на Разговор:Океан Елзи. — Svetko 17:50, 24 март 2008 (UTC)

Наградичка[уреди извор]

Мал кураж за потфатот што го правиш со јазиците. --Raso mk 01:46, 25 март 2008 (UTC)

{{{1}}}
За методичност во работата Доделил
Raso mk
Фала, фала, голем е ;) --Поречанец A? 01:50, 25 март 2008 (UTC)


Во врска шо шаблонот што го направи, мислам дека јас во моите почетоци направив еден, но поради неискуството не сум го зачувал како шаблон. Види на Американски Девствени Острови на Дното. Позз --Raso mk 02:14, 27 март 2008 (UTC)

Видов. Не се грижи, не ми беше проблем, сега е добро. Легни си бе Рашо бе, глеј колку е саат :D --Поречанец A? 02:17, 27 март 2008 (UTC)
Оки ти си знаеш. Хаха таман се спремав. Ноќна птица сум што да се прави. Ај позз и добра ноќ. --Raso mk 02:20, 27 март 2008 (UTC)

Форматирање на бројки[уреди извор]

Здраво INkubusse, гледам дека во неколку статии си ги форматирал бројките со раздвојување на илјадарките т.е. вака: 1 000 000 000. И јас почнав така да ги форматирам, бидејќи мислам дека така е правописно, ама многу лошо се префрлаат во нови редови и тешко се читаат. Затоа решив да ставам точки т.е. : 1.000.000.000.000... што е исто така правилно и почитливо. Би било добро да го прифатиме тоа и како конвенција. Поздрав, --Crnorizec 02:20, 1 април 2008 (UTC)

Може и вака 1 000 000 000,00, но правилно е со точка.--brest 07:42, 1 април 2008 (UTC)
Знам само дека запирката е за децимали. Лошото е што кога нашите уредувачи преведуваат од англиски, најчесто ги оставаат бројките така (100,000,000). Значи сега со точка да ги пишуваме? --Поречанец A? 12:24, 1 април 2008 (UTC)
Со точка е ок, а и правилно е, само треба да се пази да не се користи како децимална запирка. Значи, запирката е децимална запирка, а точката раздвојува илјадарки. --Crnorizec 19:58, 1 април 2008 (UTC)
Токму така, само дајте да го направиме ова како стандард, да знаат сите. Можеби би требало да има некоја ВП страница со најчестите правописнии грешки, правила и напатствие за стилот и слично. Ова стварно излегува од контрола, секој си пишува како ќе му дојде. На другите Википедии многу добро го имаат средено тој проблем. --Поречанец A? 21:25, 1 април 2008 (UTC)

Категорија[уреди извор]

Ај те молам категоријата филипински јазик преименувај ја во категорија:Филипински јазици, бидејќи постојат преку 20 јазици па би сакал таму да се сите. фала однапред. позз. Р.Ѕ. Слаб сум со категории.--Raso mk 14:49, 1 април 2008 (UTC)

Категорија:Филипински јазик е само за стандардизираниот филипински јазик, а за другите 20 јазици има Категорија:Јазици на Филипините. И за секој јазик треба да си има посебна категорија, каде што ќе се сместуваат статии како азбука, дијалекти и други карактеристични работи за тој јазик. --Поречанец A? 15:50, 1 април 2008 (UTC)
Ок. јасно.--Raso mk 16:06, 1 април 2008 (UTC)

Од SmartM&M[уреди извор]

Јас сум тој што си го предупредил за пораката кај волшебнички извини но сум нов овдека тек ги научив основите ако можеш да ми кажеш нешто повеќе зошто стварно сакам да знам. Гледаш знам дека не ни треба да пишувам тука нешто ама незнам како да ти го кажам ова затоа те молам некако јави ми дека си ја прочитал поракава.

од SmartM&M поздрав.

Хаха, да, знам кој си :P Мојата страница за разговор е токму местото каде што треба да ми се обратиш ако ти треба нешто, тоа си го погодил ;) Јас сум спремен да ти помогнам, но само ако ме прашаш конкретно за некоја работа што те интересира. За почеток би те упатил да го прочиташ ова, што му пишав на друг нов корисник, да не се повторувам сега (таму пишува и како да го оставаш твојот потпис кога пишуваш пораки). За пораките што ми ги пишуваш, прочитај го она што го пишува во жолтата кутија на почетокот на мојата страница за разговор. Всушност, главната финта за учење на Википедија е да читаш напомени и слични работи (на пример, не си ја прочитал кутијата горе). Поздрав. --Поречанец A? 10:47, 6 април 2008 (UTC)

Леле ништо не разбирам ЛОЛ![уреди извор]

Ако мозеш твој е-маил да ми дадеш да се разбереме ко луѓе дека мислам си најодговорен од тука и да ми објасниш мислам ако немаш ништо против немам никаква друга намера ОК. Мислам дека се разбравме чаооооо!!!!!!

Хаха, ок... Прво, не знам кој си, по IP-адресата можам да видам само дека си од Скопје, ништо друго, а по логика можеби си SmartM&M, не знам... Имејл можеш да ми пратиш со тоа што ќе стиснеш „Е-пошта до овој корисник“ (тоа се наоѓа лево, во алатникот, потруди се да го најдеш). --Поречанец A? 22:18, 7 април 2008 (UTC)


Да овде SmartM&M[уреди извор]

Да јас сум тој кој да ти прати и маил но направив како што ми рече стиснав на тоа Е-пошта до овој корисник и ми бара некоја валидна адреса па затоа отидов во моите прилагодувања и напраив што требаше и после ми стигна маил и стиснав имаше едно за стискање и тоа ми ја покажува оваа порака. Неточен код за потврда. Кодот можеби е истечен. Незнам што да праам само сакам да зборувам со тебе како што реков мислам дека си најодговорен овде фала и чао.

Еве уште еден “незнајник“[уреди извор]

INkubusse, одамна не сум те замарал за моите глупости, па доколку сакаш да ми помогнеш, те молам погледни ја мојата страница Корисник:Тиверополник и прашањето е: “Грешка на цитирањето Invalid <references group="" /> tag; group name "" not defined in <ref>; $2“ ??????? Што е ова:(((( Поздрав --Астрион 19:13, 8 април 2008 (UTC)

Не можеш да користиш <references/> без референци. А што ќе ти се референци всушност? :) --Поречанец A? 02:02, 9 април 2008 (UTC)
И не ме замараш, не се грижи. Имав многу работа околу некои шаблони, затоа сега ти одговорив. Слободно прашај си и друг пат. ;) --Поречанец A? 02:05, 9 април 2008 (UTC)

Асирци[уреди извор]

Александар ај ако сакаш види ја страната. Има проблем со референците. Па да ја средам деновиве. позз --Raso mk 00:47, 9 април 2008 (UTC)

Нема бе проблем :D --Поречанец A? 02:02, 9 април 2008 (UTC)

Шаблон:ar[уреди извор]

погледни овде:

Шаблон:Arabiyyah
Шаблон:Арапска азбука
Шаблон:Персиска азбука
Шаблон:Феникиски глиф
Персиска азбука
Цаде

Има некои проблеми со шаблоните кои ги имаш менувано во последно време.--brest 13:15, 11 април 2008 (UTC)

Фала што ми укажа, не проверив кои страници го користат шаблонот {{ar}}. Bjankuloski06 грешно го создал и го користел шаблонот {{ar}} наместо {{lang|ar|..}}. Сега ги поправив страниците што го користеа, а {{ar}} го направив да биде како и другите јазички икони (пр: {{en}}). --Поречанец A? 21:39, 12 април 2008 (UTC)

Види дали ова работи кај тебе сега:

Види ова сега, прикажи/сокриј може
ред 1 колона 1 ред 1 колона 2
ред 2 колона 1 ред 2 колона 2


О, ДА! --Поречанец A? 00:27, 15 април 2008 (UTC)
О, ДА! РАБОТИ. --brest 01:00, 15 април 2008 (UTC)

За Филип[уреди извор]

Види INkubusse, Филип прекршува правилата на википедиjа неколку пати, прекршува забрана од администратор, "three times revert rule", и последните месеци основните му приноси за википедиjа се остстрануваниjа. Овоj корисиник не е ни наjмалку полезен со своите вандализми, и арогантно поведение спремно администраторите и српски шовинизам. То не бе Косово, не бе панславизмон, не бе бугари-татари. Инаку за "Главната застапена теориjа" мериш со "двоен аршин". За Комитопулите главната застапена теориjа е дека се бугарскти владетели, а беше веднаш избришана од Филип. Значи штом станува сбор за панславизмот на Филип се жалваш дека не е застапена главната теориjа, а штом станува сбор за Комитопулите не се жалваш.. при тоа сум дал околу 40 независни извора. Филип си е српски шовинист и ништо повеке. Да си создаде блог си да си пише шовинистичките статии таму. --Мизиец 23:39, 16 април 2008 (UTC)

Види StanProg, извини вака, ама мене ова нит ме засега, нит ме интересира. Одамна се откажав од вмешување во тие работи, од причина што на Википедија никогаш нема да можеме да бидеме објективни за работи што мислиме дека се онака, а не можеме да ги докажеме, а впрочем ни во реалниот свет (затоа постојат војните). Не сум се жалвал за ништо, само ме извади од такт однесувањето на Филип, особено давање „словенски“ (чисто српски!) предзнак на неговата борба за правдина. И ве молам да ме оставите на мира, сега работам на други области на Википедија и многу позадоволен и покорисен сум вака. Фала однапред. --Поречанец A? 23:47, 16 април 2008 (UTC)
Каде е моето чисто српско терање правдина и мојот српски шовинизам? --Филип 15:18, 17 април 2008 (UTC)
Прво, сѐ што правиш е со доза на српски призвук, ама не те обвинувам за тоа, твое си е тоа, само ми пречи што „борбата“ за нашата правда ја правиш да личи како наша и српска. Правиш и другите да личиме како да го поддржуваме тоа. За шовинизам јас не реков ништо, прашај го StanProg, според него и јас сум српски шовинист, знаеш какви се. Инаку, само погледни си ја корисничката страница. Не ми пречи нити твоето потекло, нити твојата југоносталија, нити твојот марксизам/комунизам, нити твоето јекање, ијекање и икање, ама си можел барем кутиите да ги направиш на македонски. Мислам, до сега не сум видел Википедија со корисничка страница на странски јазик (освен англиски, нормално). Впрочем, еве, ти се извинувам за сѐ, преку глава ми е од сѐ, веќе не сакам да се мешам во ништо. --Поречанец A? 01:12, 18 април 2008 (UTC)
Примено на знаење! И јас можеби постапував импулсивно во последно време, ама ми пукна филмот од браќата бугари. Поздрав! --Филип 01:35, 19 април 2008 (UTC)

дајте информации како да ставам слики, имам амблеми од 70-тина македонски фудбалски клубови, башка од други наши спортски клубови. User:lycceus

За да подигнеш датотека, кликни на линкот „Подигни датотека“ што се наоѓа во „алатникот“, лево (најди го). Треба да те однесе на оваа страница. Сложениот дел е во одбирањето на соодветна ознака за лиценца. Во зависност од тоа дали смее и под кои услови смее да се користи тој амблем на Википедија, треба да се одбере соодветен шаблон за авторските права (ако воопшто е спорно сето тоа). Лиценците ги има тука, ама сепак, консултирај се со brest или со друг администратор, бидејќи имаме голем проблем со сликите (повеќето се со несоодветна или без ознака за лиценцата). --Поречанец A? 01:12, 18 април 2008 (UTC)

Ај те молам види што е со оваа кутија Шаблон:Infobox Space agency. Не се разбирам до толку а и несакам да чепкам нешто да не ја зезнам нашата вики. Англиската верзија е овде. фала и поздрав --Raso mk 14:17, 17 април 2008 (UTC)

Добро постапуваш ;) Ќе видам сега. --Поречанец A? 01:12, 18 април 2008 (UTC)
Еве, готово. Патем, го преведов цел шаблон. Инаку проблемот беше во шаблонот Infobox. --Поречанец A? 04:01, 18 април 2008 (UTC)