Разговор со корисник:Катерина Тасевска

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Катерина Тасевска, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kolega2357-Bot (разговор) 16:15, 5 април 2013 (CEST)[одговори]

Маче за Вас![уреди извор]

хииии

Кристина Попова (разговор) 16:38, 5 април 2013 (CEST)[одговори]

Централна банка на Шведска[уреди извор]

Здраво Катерина. Ја разгледував статијата за Централната банка на Шведска (исправен наслов, мора да биде на македонски и без додатоци) и многу позитивен впечаток ми остави трудољубивоста и макотрпната работа на една вака обемна статија. Бидејќи си понова во уредувањето, би сакал да ги погледнеш сите исправки што ги направив во врска со форматот, стилот, начинот на именување, категоризација, исправните поими и сл. (особено неоставање на имиња и називи во оригинали, освен во загради по името, особено не на англиски). Има разни исправки и не би можел да ги наведам сите, но ова е задолжителен начин на работа како основен стандард за статиите и би сакал да се применуваат за да немаме дополнителна работа да одиме по сите статии, што е неизводлива огромна задача. Мој совет е поимите секогаш да се проверуваат и да не се користат произволни преводи за ништо. Гледам дека економската терминологија не тие проблем, но ова мора да се следи за сè. Класичен пример би бил Estates of the Realm, што е англиски поим за „сталежи“ или собранието на сталежите. Кога нешто ќе се преведе, добро е оригиналот да се стави во заграда со закосени букви (називи на установи, не лични имиња), но тоа да биде на изворниот јазик, а преводот да биде проверен. Не го гледај ова како некаква критика, бидејќи не е, туку едноставно морам да го укажам основниот начин на работа.

Како што реков, има разни нешта, па погледај ја разликата помеѓу твојот облик на статијата и конечниот посакуван изглед, и ќе видиш што сè треба да се запази. Исто така, винмавај ја лиценцирањето на сликите што ги носиш од други места, и под каква сопственост се, и ако се во ред, соодветно да се наведе изворот.

На крај, исто така многу важно: врските со истата статија на другите јазици (википедии) како англиската и др. задолжително мора да е ставаат. Сега имаме нов систем, па би сакал да посочам како се прави. Кога преведуваш од англиската верзија, ќе забележиш под списокот на расположиви јазици во алатникот најдолу-лево „Edit links“. Кога ќе стиснеш на него, ќе те одведе на страница на Википодатоци (Wikidata) и на самото дно на страницата, под сите наслови на други јазици, ќе стиснеш на нова ставка („add/додај“), во левото поле ќе почнеш да пишуваш (на кирилица) „м...“ или „ма..“ и ќе ти испадне јазикот во списоче и ќе го стиснеш на него, а во десното името на статијата (или категоријата, шаблонот). и потоа на „save/зачувај“ (ставам два збора бидејќи не знам на кој јазик ќе ти се покаже). Еве пример, за да видиш како изгледа. Не ги гледај тие полиња горе со јазиците, тоа не користи тука. Оди право најдолу и додај јазик. Ако веќе постои, но статијата е преименувана и сл., тогаш подолу ќе го видиш македонскиот наслов во списокот и стискаш на „edit/уреди“, го внесуваш новиот (ако веќе е преименувана, т.е. преместена страницата на нашето вики), па на „save/зачувај“. Ако англиската статија (категорија, шаблон и сл.) најдолу нема „Edit links“, што е грешка што знае да се јавува, тогаш оди на германската или француската, и би требало таму да има (секако под локално име).

Потоа само врати си се назад со стрелката во прелистувачот на претходната страница, и би требало по една минута да се појават сите меѓујазични врски и на нашата статија, откако прво ќе ја превчиташ со F5. Истото важи и за категории, шаблони и тн.

Благодарам за учеството и трудот. --Б. Јанкулоски (разговор) 03:51, 11 април 2013 (CEST)[одговори]