Разговор:Торинско платно

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е избрана статија на Википедија на македонски јазик. Таа ги задоволува соодветните критериуми и со согласност од вики-заедницата беше избрана за една од најдобрите статии на Википедија на македонски јазик. Доколку сакате нешто да дополните или промените во истата, слободно направете го тоа!

Мислам дека статијата треба да се вика Торинско платно, а не Туринско, бидејќи градот во македонскот јазик е Торино, а не Турин.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:04, 27 септември 2009 (UTC)

Знам, но и на многу јазици се вика Turino иако градот го викаат како Torino. --Никола Стоіаноски 15:12, 27 септември 2009 (UTC)
Во овој случај мислам дека треба да се водимо по латинското име на градот, а тоа е Торино. А најрелевантен во овој случај е латинскиот јаик.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:22, 27 септември 2009 (UTC)
Ова не е Википедија на многу јазици, туку Википедија на македонски. На македонски е НЕВОЗМОЖНО да се вика Турин, имајќи предвид дека името на градот дошло од латинскиот а англискиот дошол многу подоцна...--Kirev (разговор) 21:04, 3 октомври 2009 (UTC)

Жак де Молеј[уреди извор]

Во статијата за Жак де Молеј има посебна секција, која е насловена Торинското платно, во која се наведува дека ликот на плантото всушност е Жак де Молеј. Овој дел од статијата е работен врз податоци од Википедија на англиски и француски, а најдов неколку статии на Интернет во кој се потврдува тоа. Ова може да биде наведено во статијата, но откако ќе бидат цитирани референци.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:50, 29 септември 2009 (UTC)

Во статијата се додаени референци. Едниот потврдува извадок од книга, а другите врз основа на други извори, покрај основните од книгата ја проширува теоријата за поврзаноста на Темпларите, кои се смета дека се одговорни за Торинското платно, како и за последниот Голем мајстор Жак де Молеј, кој се смета дека бил насликан на платното.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:10, 29 септември 2009 (UTC)

Направив мала промена во екцијата за платното во 14 век. Таму е запишан факт кој го има и во секцијата за платното во статијата Жак де Молеј. Овој факт не е цитиран, но се обидувам да го најдам точниот податок. Претпоставувам дека го има во книгата која е наведена како извор, но за жал нема извадови на Интернет од неа, кои го потврдуваат тој дел. Инаку цитираните податоци, може да се додадат во посебна секција, насловена како Темпларите и Торинското платно и сл., во кое може да биде изнесен ставот на Кристофер Најт и Роберт Ломас, околу нивните истражувања.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:14, 29 септември 2009 (UTC)

На Википедија на англиски се споменува нешто повеќе, а има и извадоци од католичката енциклопедија. Мислам дека нема да биде лошо да се внесат во статијата. Во статијата, можеби случајно е испуштен многу значаен дел, којшто се однесува на сосема ново гледиште, кое можеби е пресудно за што навистна е Торинското платно.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:18, 29 септември 2009 (UTC)

Кое е тоа ново гледиште? Се што беше основно внесов, а и не сакав премногу значење да дадам на темпларите како што направиле на англиската. Пола библија и католичка енциклопедија е цитирана :) Поз--Никола Стоіаноски 14:27, 29 септември 2009 (UTC)
Темпларите го поседувале платното, а дури и сметале дека на него е насликан ликот на Жак де Молеј, последниот Голем мајстор на нивниот ред. Мислам дека ова се важни податоци, кои треба да ги има во статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:33, 29 септември 2009 (UTC)
За ова прв пат слушам искрено. Бидејќи си повеќе запознаен со темпларите, вметни го тоа во некоја секција. --Никола Стоіаноски 14:35, 29 септември 2009 (UTC)
Планирав да го преведам од англиската, но на Интернет најдов цитати, кои мислам дека се подобри. Ќе го средам тоа (интересни е оваа статија The Templars and the Shroud of Turin, а книга која има најмногу податоци за ова е онаа на Кристофер Најт и Роберт Ломас Second Messiah: Templars, the Turin Shroud and the Great Secret of Freemasonry, која ја искористив и како веродостоен извор, а гледам и во наведената статија има извадок од неа). Фактот, инаку беше дел од статијата за Жак де Молеј, но не беше цитиран. Сега побарав дали навистина постои книгата, а по цитираниот извадок во статијата, веднаш ја посочив како веродостоен извор. Тоа во Католичката енциклопедија, веројатно е некој друг извадок кој се однесува на тоа дека темпларите го чувале платното.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:43, 29 септември 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.
  • цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.
  • цитирано списание наместо cite journal, назив на шаблон на македонски јазик.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 09:00, 3 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Пиј наместо Пие, србизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 20:13, 11 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Потсредување на избрана статија[уреди извор]

Здраво,

Пред извесно време, ненајавен (Преработка од 11:35, 29 август 2020, 81.221.192.104), направив ситно стилско и логичко средување на статијата кое беше откажано со обраѕложение дека постојната содржина била „добра„. Ако некоја статија е означена како иѕбрана не сметам дека треба да се замрзне во времето како конечна и апсолутна само затоа што е избрана. Воведниот текст е најбитниот дел од една статија, а истиот во оваа статија стилски не е баш најсјаен, статијата е пристрасна и со не премногу наводи имајќи превид дека се работи ѕа контровереѕен предмет.

1. Уште во првата реченица се сугерира дека е тоа Исус, а таа претпоставка/верување не е ниако интерпункциски одделена од првичниот опис на предметот, проследено со детали како ликот на Исус се нашол на платното (повторно без никаква поделба на фактите и верувањата):

платно со слика на еден човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, кој се чини дека бил физички трауматизиран при распетието.

ѕа потоа да следува (ѕадоцнето) допрециѕирање:

Се верува дека e тоа крпата со која било обвиткано телото на Исус за време на неговиот погреб.

 од самиот старт читателот е наведен дека решението на равенката е дека тоа Исус.

2. Потоа, глаголот „слика“ може да означува повеќе раѕлични техники, додека иако во псусот се работи ѕа фотографирање (бидејќи само на фотографија ликот на платното станува повидли) сепак се инсистиа на „сликање“ место да се прециѕира дека се работи ѕа „фотографирање“:

Сликата на платното е повеќе видлива кога е сликана во негатив одошто во природните бои.


3. Следно, „објавени за јавноста“ можат да бидат реѕултати од иѕбори, а кога се работи ѕа предмет истиот обично „јавно се истакнува“ пред заинтересираните:

Тој добил дозвола да го слика платното додека било објавено за јавноста во Катедралата во Торино.

4. Па претстоти најенигматичниот дел од статијата:

Од религиска гледна точка, во 1958 година папата Пиј XII, заедно со католичката црква, смета дека ликот е светото лице на Исус

Значи двајца играчи, црквата и папата (кој е поглавар и олицетворение на Католичката црква а не нешто посебно,) точно од 1958 година почнуваат да сметаат дека сепак ликот е на Исус (??!?)

5. Дополнително, терминот „радиојаглерод“ не е македонски термин за радиоактивниот јаглерод и делува на слободен превод на англискиот „radiocarbon“. Доколку во меѓувреме се сменила хемиската номенклатура - тогаш грешам. Исто така, методот на датирање со радиокативен јаглерод служи ѕа апсолутно датирање на материјали од органско потекло, а не ѕа нивно „тестирање“ како подолу:

Тестирањата со радиоактивен јаглерод во 1988 година извршени од три независни тимови научници изјавиле дека платното е создадено во средновековието

Или интересн склоп како следниот:

Како и да е, според истражувањето направено во 2008 година од Институтот за радиојаглерод во Оксфорд се обидело да се провери точноста на дадениот период кој бил даден со претходното истражување

Што е тоа нешто кое „се обидело“ - останува нејасно.


Не велам дека премногу придонесов со претхондиот мој едит, ама мислев дека одределени подобрувања се очигледни па нема потреба од објаснување на секој иѕменет ѕбор. Доколку сметате дека постојната верѕија на статијата е префектна и конечна - нека си седи како што е.


Поздрав Kambtor (разговор) 15:31, 15 септември 2020 (CEST)[одговори]