Разговор:Оброк

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Разликата помеѓу ручек и вечера[уреди извор]

Сакам да подискутираме во врска со еден превод! Вака, кај американците дознав дека всушност Dinner значи Ручек, а не како ние што го нарекуваме Вечера. Правата дефиниција е главниот оброк во денот, кога сите се собираат дома и го јадат. Тоа кај нив е некаде во 5 (17 кај нас) или 6 (18 кај нас) а може и во 7 (19 кај нас). Тоа е така бидејќи тие доаѓаат од работа, а децата од училиште после 4 или 5 или пак подоцна. А нашето сфаќање за поимот Ручек е оброкот кој го јадеме околу 12 или 13 часот. Што најчесто се случува во недела, бидејќи тогаш сме сите дома (најчесто). Дека да бидеме искрени во 12 часот ретко некој да јаде ручек со своето семејество, за кај нас зборувам. А кај нив, не сме сведоци, така барем слушаме дека јадат сите заедно секој ден во толку и толку часот. Тоа може да е чиста американска глума ама може и да е точно. Кај британците верувам дека е така. Е сега Supper е нашата вечера, последниот оброк во денот (последниот официјален). Според нив Lunch, е нашиот оброк што го јадеме во школо или на работа. Повеќе го викаме ужина или така нешто отколку ручек, ама според нив така е! Е сега ќе ве замолам сите вас да разјасниме што е што. Секој нека напише свое мислење:

  1. Breakfast - Ова е јасно, ова го преведуваме Појадок. Е, сега доручек е исто што и појадок или?
  2. Lunch - Главната дилема. По нашки ова е ручек ама сега не знаеме што ќе биде. Ова во шаблонот е преведно како Мал Ручек.
  3. Dinner - Ние го преведуваме како вечера, а всушност е ручек. (ова во шаблонот е преведено како ручек).
  4. Supper - Ова е последниот оброк во денот и ние и ова исто така го преведуваме вечера (така е и во шаблонот).

Тоа Lunch би можело да биде доручек кога ќе размислите поубаво, но ние тоа доручек го користиме како синоним за појадок но по се изгледа дека не е така. Ве молам да дискутираме овдека за овие четри поими и ако има други и другите вметнете ги. Ако разграничиме тогаш ќе можам да го направам целосно шаблонот Оброци, ќе можам да ги отворам сите статии со такво име итн. Едноставно ја олеснува работата. --Макс(разговор) 15:51, 2 февруари 2009 (UTC)

Вака вели мојот речник:
  1. Breakfast - појадок (доручек не се користи како израз во македонскиот литературен јазик, освен во говорните наречја)
  2. Lunch - навистина е мал ручек, но може да биде и ручек. тоа е оброкот што се јаде околу пладне
  3. Dinner - главен оброк во денот, може да е ручек, но може да е и вечера (го преведуваме најчесто како вечера заради тоа што Американците најчесто вечераат семејно, а ручекот им е `од нога` што се вели, на пауза од работа...)
  4. Supper - дефинитивно - вечера

--Виолетова (разговор) 16:19, 2 февруари 2009 (UTC)

Ок, за момент заборави на англискиот јазик и термин — статијата појадок ќе го дефинира првиот оброк во денот. Статијата мал ручек ќе дефинира оброк на средината од денот. Овде ќе се појасни дека во различни делови од светот се јаде различно, но најчесто е ладен оброк. Со секција „Во други јазици“ ќе спомнеме дека англискиот еквивалент е „lunch“, кој понекогаш во Европа се преведува како „ручек“. Статијата ручек ќе го дефинира главното јадење во денот (кое е попладне). Овде исто така ќе се спомне дека понекогаш терминот „dinner“, кој е еквивалентот на овој оброк во англосаксонските земји, понекогаш во Европа се преведува/има значење на „вечера“, т.е. вечерниот оброк. Статијата вечера ќе си биде за вечерниот и последниот оброк — англискиот термин за вечера е „supper“ и како таков има неколку различни значења ширум светот, најчесто потекнувајќи од истата употреба на dinner/supper (оваа секција). Појадок и доручек е исто; Lunch никако не е појадок(доручек). Статиите треба првин да се базираат врз својот наслов — врз значењето на поимот за нашиот јазик (кога е оброкот и од што се состои), а потоа во посебна секција да се истакнува како е во останатите култури ширум светот и какви се термините за овие оброци (споредувано со време/состав). --Brainmachinewtf? 16:51, 2 февруари 2009 (UTC)
Ок ГотовоМило ми е што сите одговорија! Решено и затворена е дискусијава! Балгодарам уште еднаш! --Макс(разговор) 16:56, 2 февруари 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Промена на зборови од типот оддржу... во одржу..., само со едно д, синтаксна грешка.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 09:56, 27 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.