Радиофреквенциски спектар
Радиофреквенциски спектар (РФ спектар) претставува дел од електромагнетскиот спектар што соодветствува на радиофреквенции, т.е. оние пониски од 300 GHz (бранови должини над 1 mm).
Разни делови од радиоспектарот се користат за разни видови на предавање и имаат различни примени. Радиоспектарот го регулира државната управа и издава одобренија за негово користење на мобилни оператори, ТВ станици и др. Во Република Македонија за ова е надлежна Агенцијата за електронски комуникации на РМ.[1] Опсезите на доделените фреквенции имаат свои доделени имиња (на пр. спетар на мобилна телефонија, телевизиски спектар и тн).
Содржина |
По фреквенција [уреди]
Појас (радиофреквенциски опсег) е мал дел од спектарот на радиофреквенции, каде каналите се користат за иста намена.
Кај фреквенциите над 300 GHz, Земјината атмосфера е практично непробојна за електромагнетните зраци сè до инфрацрвените и оптичките фреквентни опсези, кога е повторно проодна.
За да се избегнат пречки и да се добие ефикасно искористување на радиоспектарот, секој појас се пополнува со слични предаватели. На пример, радиотелевизиските емитувачи, мобилни радиостаници и навигационите уреди добиваат сосем различни опсези што немаат никаков меѓусебен преклоп.
Секој од појасите има основен план кој диктира како појасот треба да се користи и споделува, сè со цел да се избегнат меѓусебни пречки, но и за да се овозможи уврдувањето на протокол за складност на предавателите и приемниците.
По договор, појасите се поделени на бранови должини од по 10n метри, т.е. фреквенции од 3×10n херци. На пример, 30 MHz или 10 m ги дели ниските, подолги фреквенции од VHF, кои се пократки и повисоки. Ова се делови од радиоспектарот, а не неговата афреквентна распределба.
| Име на поајсот | Крат. | ITU-појас | Фреквенција и бранова должина |
Примена |
|---|---|---|---|---|
| < 3 Hz > 100 000 km |
Natural and man-made electromagnetic шум | |||
| Крајно ниска фреквенција | ELF | 1 | 3–30 Hz 100 000 km – 10 000 km |
подводна радиоврска (подморници) |
| Суперниска фреквенција | SLF | 2 | 30–300 Hz 10 000 km – 1000 km |
подводна радиоврска |
| Ултраниска фреквенција | ULF | 3 | 300–3000 Hz 1000 km – 100 km |
подводна радиоврска, подземна радиоврска (рудници) |
| Многу ниска фреквенција | VLF | 4 | 3–30 kHz 100 km – 10 km |
радионавигација, часовна сигнализација, подводна радиоврска, безжични пулсометри, геофизика |
| Ниска фреквенција | LF | 5 | 30–300 kHz 10 km – 1 km |
радионавигација, часовни сигнали, емитување на AM долги бранови (Европа и делови од Азија), RFID, радиоаматерство |
| Средна фреквенција | MF | 6 | 300–3000 kHz 1 km – 100 m |
емитување на AM (средни бранови), радиоаматерство, предупредувања за лавини |
| Висока фреквенција | HF | 7 | 3–30 MHz 100 m – 10 m |
емитување на кратки бранови, граѓански радиоопсег, радиоаматерство и затхоризизонтни воздухопловни врски, RFID, Over-the-horizon radar, ALE / NVIS радиоврски, поморска радиотелефонија |
| Многу висока фреквенција | VHF | 8 | 30–300 MHz 10 m – 1 m |
FM, телевизиски емитувања и воздухопловни врски „на видик“, „земја-воздух“ и „воздух-воздух“. копнени и поморски мобилни врски, радиоаматерство, метеоролошки радиовски |
| Ултрависока фреквенција | UHF | 9 | 300–3000 MHz 1 m – 100 mm |
ТВ емитување, микробранови печки, микробранови уреди/врски, радиоастрономија, мобилна телефонија, WLAN, Bluetooth, ZigBee, GPS и копнени мобилни радиостаници, FRS и GMRS радиоврски, радиоаматерство |
| Супервисока фреквенција | SHF | 10 | 3–30 GHz 100 mm – 10 mm |
радиоастрономија, микробранови уреди/врски, WLAN, највеќето современи радари, комуникависки сателити, сателитска телевизија, директно сателитско емитување (DBS), радиоаматерство |
| Крајно висока фреквенција | EHF | 11 | 30–300 GHz 10 mm – 1 mm |
радиоастрономија, високофреквентен микробранови релеа, микробраново далечинско испитување, радиоаматерство, наочено енергетско оружје, микробранов детектор |
| Терахерцна или стравотно висока фреквенција | THz или THF | 12 | 300–3000 GHz 1 mm – 100 μm |
Teрахерцна томографија – потенцијална замена за ретнгенските зраци во некои области од мединицата, ултрабрза молекуларна динамика, физика на кондензираната материја, терахерцна временскоподрачна спектроскопија, терахерцна информатика/врски, подмилиметарско далечинско испитување, радиоаматерство |
ITU [уреди]
Радиопојасите на ITU се предназнаки утврдени во Прописите за радиоемитување на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) со Член 2, одредба бр. 2.1, каде се распределени девет појаси, означени со цели броеви по нагорен редослед, во согласност со наведената табела[2]".
| Бр. на појас | Симболи | Фрекв. опсег | Бранови должини† |
|---|---|---|---|
| 4 | VLF | 3 - 30 kHz | 10 - 100 km |
| 5 | LF | 30 - 300 kHz | 1 - 10 km |
| 6 | MF | 300 - 3000 kHz | 100 - 1000 m |
| 7 | HF | 3 - 30 MHz | 10 - 100 m |
| 8 | VHF | 30 - 300 MHz | 1 - 10 m |
| 9 | UHF | 300 - 3000 MHz | 10 - 100 cm |
| 10 | SHF | 3 - 30 GHz | 1 - 10 cm |
| 11 | EHF | 30 - 300 GHz | 1 - 10 mm |
| 12 | 300 - 3000 GHz | 0,1 - 1 mm |
† Оваа колона не фигурира во табелата на Одредбата бр. 2.1 на Прописите за радиоемитување
Предназнаки на EU, NATO и US ECM [уреди]
|
IEEE US [уреди]
|
Брановодни појаси [уреди]
|
Поврзано [уреди]
- Фреквенција
- Електромагнетен спектар
- Примопредавател
- Радиоаматерство
- Радиоастрономија
- Радиостаница
- Радиобарач (скенер)
- Ултраширок појас
Наводи [уреди]
- ↑ За нас - Агенција за електронски комуникации на РМ (македонски)
- ↑ Прописи за радиоемитување на ITU, Том 1, Член 2; издание 2008
- ↑ Согласно IEEE Std 521-2002 „Стандардни буквени предназнаки за радарски фреквентни опсези“. Потврдени во 1984, а воспоставени за време на Втората светска војна.
- ↑ www.microwaves101.com „Фреквентни и внатрешни димензии на брановоди“ (англиски)
Надворешни врски [уреди]
- Радиофреквенциски спекатар на Република Македонија - АЕК (македонски)
- „Радиоспектар: витален ресурс во безжичен свет“ - Европска Комисија (англиски)
|
|||||||||||||||||