Работна соба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мала работна соба

Работна соба е соба во еден дом која се користи за учење, канцелариски работи, работење на компјутер или пак за читање. Во минатото работната соба во една куќа била резервирана за приватна канцеларија или читална на таткото како глава на семејството, но денес работните соби се користат или за раководење со домашен бизнис или пак е пристапна за целото семејство.

Типичната работна соба има работна маса (биро), столче, компјутер и полици за книги. Честопати како канцеларија се користи вишок спална соба, но многу современи домови имаат соба предвидена за таа намена. Ваквите соби обично се згодно сместени на приземниот кат.

Работната соба се развила од кабинетот од времето на Ренесансата, па наваму.