Учење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Психичкиот процес при кој настанува релативно трајна промена во однесувањето на единката под влијание на нејзината активност или стекнато искуство се нарекува – учење.

Видови учење[уреди]

Постојат повеќе видови учење и повеќе нивни класификации. Една класификација како основно го поставува прашањето КАКО се учи. Со оглед на одговорот на ова прашање се разликуваат два вида учење: едноставно и сложено. Друга класификација како основа го поставува прашањето ШТО се учи. Со оглед на одговорот на ова прашање, се разликуваат два вида учење: вербално и моторно.


КАКО СЕ УЧИ[уреди]

1. Едноставно учење.[уреди]

Едноставното учење е она во кое се вклучени едноставни психички процеси. Едноставното учење може да биде условување и механичко учење.

Условување[уреди]

Безусловен рефлекс (реакција) е ненаучен, вроден одговор на организмот на дејствувањето на некои дразби. Кога нешто ќе ни влезе во окото, ние трепкаме и солзиме, кога ќе се засркнеме – кашламе. Кога некоја нова неутрална дразба (ѕвоно) ќе се појави повеќепати заедно со безусловната дразба (храна) и самата таа ќе започне да ја предизвикува безусловната реакција (плунка) која во тој случај претставува условна реакоција. Условните реакции се научен облик на однесување. Безусловна е онаа дразба што без присуство на каков било друг услов неизоставно ја предизвикува реакцијата што во овој случај се нарекува безусловна реакција. Условувањето за прв пат беше откриено од страна на познатиот руски физиолог Павлов. Неутралната дразба (звукот на ѕвоното) во овој случај се нарекува условна дразба (УД). Тоа е онаа дразба што може да ја предизвикува безусловната реакција само условно, доколку таа е дадена истовремено со безусловна дразба. Реакцијата што се јавува во овој случај се нарекува условна реакција. Особено интензивни емотивни реакции создадени по пат на условување се фобиите. Фобија е страв од нешто конкретно.

Механичко учење[уреди]

Механичкото учење претставува едноставен вид учење како што е условувањето. Суштината на механичкото учење се состои во асоцијација по допир. Успешноста во механичкото учење е токму во повторувањето (за да се научи на памет). На овој начин брзо се заборава.


2. Сложено учење[уреди]

Сложено учење е она на кое се вклучени посложени психички процеси. Сложеното учење може да биде: учење то пат на обиди и грешки и учење по пат на увидување.

Учење по пат на обиди и грешки[уреди]

При учењето по пат на обиди и грешки животното или човекот изведуваат некои, повеќе или помалку случајни одговори од кои само мал број го доведуваат до целта. Со текот на времето и повторувањата, одговорите што се точни стануваат сè побројни, а оние што се неточни сè помалубројни. Конечно, со упорно повторување (вежбање), неточните одговори се отстрануваат и до целта се доаѓа веднаш. Особено битен услов за успех во ваквото учење е мотивацијата.

Учење по пат на увидување[уреди]

Ова учење е карактеристично, пред сè за човекот, но и за некои посложени животински видови како што се антропоидните мајмуни. Основен психички процес при увидувањето е мислењето, а таквото однесување при кое мислењето е основна карактеристика се нарекува интелектуално однесување.

ШТО СЕ УЧИ?[уреди]

Разликуваме вербално и моторно учење.

1. Вербално учење[уреди]

Вербалното учење е застапено секогаш кога се употребуваат зборови при учењето, т.е. кога се учи зборовен и друг симболичен материјал. Успешноста при учењето на вербалниот материјал зависи од:
1. Смисленост на материјалот
2. Ангажираност при учењето
3. Мотивација при учењето
4. Организација на учењето
5. Физички услови во просторијата

2. Моторно учење[уреди]

Моторното учење претставува совладување определен број движења што ја карактеризираат некоја моторна активност. При моторното учење секогаш е неопходно активноста да се изведува повеќе пати и да се изградат сопствени ментални и моторни претстави за самите движења. Менталните претстави се формираат со замислување на сопственото тело при вршењето на конкретното движење. Моторните претстави се изградуваат благодарејќи на внатрешните осети на мускулите и тетивите кои нé информираат за положбата во којашто се наоѓаат деловите од сопственото тело.

Трансфер во учењето[уреди]

Зборот трансфер значи пренесување, а под трансфер во учењето се подразбира процес на пренесување на ефектите од едно врз друго учење. Трансферот може да биде позитивен и негативен.

Напредување во текот на учењето[уреди]

Како учењето ќе напредува зависи од голем број фактори.
1. Од материјалот што се учи. Поинакво е напредувањето при вербалното, а поинакво при моторното учење.
2. Од методот на учење. Поинакво е напредувањето кога се учи по пат на обиди и грешки, а поинакво кога се учи по пат на обид.
3. Од карактеристиките на личноста која учи. Напредувањето во учењето зависи од претходните знаења, од способностите, интересите, стравовите, темпераментот, карактерот, моменталната состојба на организмот итн.

Важноста на процесот на учењето за човекот[уреди]

По пат на формирање условни рефлекси, детето научува како да се заштитува во околината. Учењето ја претставува основата на процесот на социјализација – формирање на идната зрела личност во определена општествена и културна средина. Во процесот на социјализација на личноста, особено е важно учењето по пат на имитација. Формирањето на навиките е исто така важно. Навика претставува автоматизирано изведување на дејност во чија основа лежи задоволување на некоја потреба. Човекот во текот на својот живот може да формира како корисни така и штетни навики.