Присадски манастир

Координати: 41°25′43.3″N 21°37′12.4″E / 41.428694° СГШ; 21.620111° ИГД / 41.428694; 21.620111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Присадски манастир
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
ОснованXX век
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Св. Ѓорѓи“ (стара и нова црква)
Место
Местосело Присад, Општина Прилеп, Македонија Македонија
Координати41°25′43.3″N 21°37′12.4″E / 41.428694° СГШ; 21.620111° ИГД / 41.428694; 21.620111
Видливи остатоци2 цркви, камбанарија, конаци
Отворен за јавностада

Присадски манастирмакедонски православен манастирски комплекс во прилепското село Присад.[1] Се наоѓа на стариот пат кој води до Велес, кај Прилепското Езеро. Се состои од две цркви, од кои помалата е изградена во 1953 година, а поголемата во 1964 година. Во 1966 година истата е осветена. Во јули 2014 година во манастирскиот комплекс се одржал поетски карван во организација на Друштвото на писатели на Македонија, младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ и Здружението на пензионери на Македонија и иселеници.[2]

Објекти[уреди | уреди извор]

Црква

Присадскиот манастир има 2 цркви посветена на Свети Георгиј. Помалата црква е изградена во 1953 година, а поголемата во 1964 година. Во 1966 година поголемата била осветена. Црквата се наоѓа под јуристикција на плетварско – беловодичката парохија.

Конаци

Манастирскиот конак е правен во поново време. Тој е отворен за преноќување за кое се плаќа симболична цена. (50 денари или 0,8 €)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Поетски карван во Прилеп. Архивирано од изворникот на 2014-08-07. Посетено на 2014-08-25.