Предраг Јокановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предраг Јокановиќ (роден на 26 октомври 1968 година) бил српски поранешен професионален фудбалер, но и тренер.

Своите професионални фудбалски денови ги поминал речиси исклучиво во Португалија. Јокановиќ минал десет години во таа држава, девет од нив во најсилната Примеира лига, каде одиграл вкупно 191 натпревар и постигнал 18 голови. Тој настапувал најчесто како дефанзивен играч за врска (иако повремено можел да се забележи и како централен одбранбен играч).

По пензионирањето во 2003 година, Јокановиќ започнал тренерска кариера во истата земја.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Белград, Јокановиќ го поминал најголемиот дел од својата професионална играчка кариера на португалскиот остров Мадејра, настапувајќи за секој од поголемите клубови во регионот. Тој започнал во 1993 година во клубот на ЦФ Униао во Примеира Лигата, а кога тимот испаднал две години подоцна во сезоната 1994-95, тој преминал во соседниот клуб на ЦС Маритимо. Таму останал цели шест сезони уживајќи во кои инклузивно играл во сезоната 1998-99 во Купот на УЕФА. Таа сезона клубот на Маритимо загубил од составот на Лидс Јунајтед и тоа на пенали.

Во 2001 година, откако ѝ помогнал на својата екипа во финалето на Купот на Португалија, Јокановиќ бил ослободен од обврските, веднаш потпишал за клубот на ЦД Национал кој се натпреварувал во втората дивизија. По само една сезона во клубот, тој му помогнал да се квалификува во повисок ранг. Во клубот на Национал останал уште една сезона по која се пензионирал на речиси 35-годишна возраст.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

По речиси две години на чело на младинскиот тим до 19 години, Јокановиќ бил назначен за тренер на составот на Национал во средината на сезоната 2006–07. Клубот го напуштил на крајот на наредната сезона. По две години како асистент, но и како извидник и набљудувач на натпреварите, на 13 декември 2009 година тој повторно потпишал за клубот,[1] заменувајќи го тренерот Мануел Мачадо кој закрепнувал од компликации поврзани со операција.

На крајот на сезоната 2009-10, Јокановиќ дефинитивно го заменил Мачадо на чело на составот на Национал. Тој успеал да потпише договор со неколку фудбалери, негови поранешни сонародници (еден Црногорец, еден Словенец и тројца Хрвати). Во неговите клубови, каде бил тренер ретко настапувале повеќе од два или три португалски играчи.

На 13 март 2011 година, по нерешениот натпревар со резултат од 1:1 на домашен терен против составот на Академика де Коимбра, која го израмнила резултатот во 92 минута, Јокановиќ добил отказ од клубот на Национал.[2][3][4] Тој останал во тимот, но во одделот на извидници (лица кои ги следат противничките тимови).

Јокановиќ на 11 ноември 2011 година се вратил во составот на Униао да Мадејра (по 18 години), каде бил назначен за главен тренер на вториот клуб на Национал. На крајот од сезоната 2012-13, тој заминал од екипата на Национал.[5]

Во 2014 година, Јокановиќ бил назначен за тренер на анголскиот клуб Џирабола ФК Бравос до Макис, а бил отпуштен пред последниот натпревар од сезоната. Со тој тим бил рангиран на 6то место.[6] На 30 декември 2016 година повторно се вратил во составот на Национал (четврти пат), повторно заменувајќи го тренерот Мачадо.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Futebol profissional: Jokanovic assume comando técnico do plantel nacionalista (Professional football: Jokanovic takes charge of nacionalistas) Архивирано на 18 декември 2009 г.; CD Nacional, 13 December 2009 (in Portuguese)
  2. „Jokanović deixa comando do Nacional“ [Jokanovic leaves helm of Nacional] (Portuguese). UEFA. 14 March 2011. Архивирано од изворникот на 2018-08-28. Посетено на 30 June 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. Predrag Jokanovic resigns from Nacional Архивирано на 25 мај 2013 г.; PortuGOAL, 14 March 2011
  4. Joka disse adeus ao plantel (Joka said goodbye to squad) Архивирано на 22 март 2017 г.; March 2011, A Bola (in Portuguese)
  5. „Jokanovic confirma saída“ [Jokanovic confirms exit] (Portuguese). A Bola. 15 June 2013. Архивирано од изворникот на 19 June 2013. Посетено на 18 June 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Girabola: FC Bravos do Maquis rescinde com Jokanovic“ [Girabola: FC Bravos do Maquis dismiss Jokanovic] (Portuguese). SAPO. 3 November 2014. Архивирано од изворникот на 23 February 2017. Посетено на 22 February 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Nacional confirma Predrag Jokanovic“ [Nacional confirm Predrag Jokanovic] (Portuguese). O Jogo. 30 December 2016. Архивирано од изворникот на 2017-02-23. Посетено на 22 February 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)