Прва битка за Грозни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка за Грозни
Дел од Прва чеченска војна
Evstafiev-chechnya-palace-gunman.jpg
Поглед кон претседателската палата
Датум 31 декември 1994 - 8 февруари 1995
(small-scale fighting to March 6, 1995)
Место Грозни, Чеченија
Исход победа на Русија
Завојувани страни
Flag of Russia.svg Русија Flag of Chechen Republic of Ichkeria.svg Чеченска република Ичкерија
Команданти и водачи
Павел Грачев
Иван Бабичев
Анатолиј Квашнин
Вадим Орлов
Лев Роклин
Владимир Шаманов
Николај Страшков
Виктор Воробјов 
Аслан Машкадов
Турпал Али Атгериев
Шамил Басаев
Руслан Гелаев
Салман Радуев
Ахмед Закаев
Сила
60,000 (est.)
31 декември:
38,000 луѓе (6,000-10,000 во Грозни)
2,300[1] to 12,000[2]
31 декември:
Повеќе од 1,000[3] (5,000 според западни проценки)
Жртви и загуби
1,784 убиени, неколку илјади повредени или заробени непознато
35,000 цивили вклучувајќи 5,000 деца.[4]

Првата битка за Грозни претставува дел од Првата чеченска војна. Битката започнала откако руските воени сили го нападнале чеченскиот главен град во декември 1994 година, а истата завршила кон крајот на февруари 1995 година, кога бил заземан градот. Битката се карактеризира со големи загуби на двете страни, посебно кај цивилното население.

Оваа победа на руските сили била само привремена, бидејќи во 1996 година започнало повторното зазимање на градот од страна на чеченските гирилци.

Тек на битката[уреди]

Главниот руски напад на градот Грозни започнал на 31 декември 1994 година. Околу 6,000 руски војници започнале да напредуваат по улиците на градот зазимајќи го од три страни. И покрај тоа што чеченските војски биле помалку на број, тие со дополнителна мотивација дале огромен отпор за нивна одбрана на градот. Голема улога кај чеченските сепаратисти одиграле Шамил Басаев, кој раководел со искусните чеченски доброволци кои претходно се бориле против грузиската војска во Апхазија.

Битката за Грозни во следните денови се претворила во огорчена борба за секоја куќа. Чеченските сили ги пропуштале најпрвин руските да навлезат во градот, по кое истиот круг го затварале и ги уништувале сите руски сили кои се наоѓале во средината. Посебно тешко поминала руската 131 бригада, која во борбите околу железничката станица изгубила 20 од 26 тенкови и 100 о 120 оклопни возила заедно со околу 1,000 убиени војници вклучувајќи го и командантот.

Руските сили по ова продолжиле со бомбаридирање на градот. За околу еден час, во градот паѓале околу 4,000 гранати. Сепак, во првиот обид, руските сили не успеале да воспоставт контрола над градот па се повлекле. Русите дури не можеле да ги повлечат мртвите тела на своите војници, а се претпоставува дека таа бројка била околу 2,000 Руси. Конфликтот во Грозни предизвикал голем интерес од медиумите, па Русија под меѓународен притисок биле принудена да се повлече.

По повлекувањето, руските единици го промениле планот за напад на градот, а во исто време добиле и појачување од страна на елитата единица. Русите на 3 јануари 1995 година започнале со вториот интензивен напад на градот, но овој пат се фокусирале на постепено освојување на градските населби наместо како првиот пат, кога напаѓале по целиот град. И покрај тоа, Чеченските сили одбиле да се предадат и пружиле огромен отпор. Во еден напад на чеченските сили загинал рускиот генерал Виктор Воробјов. На 20 јануари руските сили успеале да го заземааѕ центарот на градот и претседателската палата, а Машкадов се преселил во својот генералштаб на југот од градот.

Денот кога била зазедена претседателската палата, Борис Елцин објавил дека војната во Чеченија е пред својот крај. По неколку дена, руските сили започнале да го затворат обрачот околу јужниот дел на градот, место од каде доаѓале сите ресурси на Чеченците. По ова, следувало воздушни напади на тој дел од градот.

До крајот на февруари 1995 година, руските сили го контролирале целиот град, а на 7 март прогласиле победа. Голем дел од чеченските сили побегнале преку реката и заминале во планина, продолжувајќи ги герилските напади.

Наводи[уреди]