Портал:Хеви метал/Избрана статија/9

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лево кон десно: Џон Мјанг, Џон Петручи, Џејмс ЛаБри, Џордан Рудес, Мајк Портној.

Dream Theater се прогресивна метал група, формирана од три студенти на музичкиот универзитет Беркли во 1985. Во дваесет и едната година од нивното формирање тие постанаа едни од комерцијално најуспешните прогресивни групи, по актуелноста на прогресивниот рок во средината на седумдесеттите години, иако се релативно непознати во мејнстрим поп и рок круговите. Нивните два најдобро продавани албуми се: Податотекаs and Words (македонски: Слики и зборови) од 1992 кој стана златен албум и се смета за зачеток на прогресивниот метал, иако достигна само до местото број 61 на Billboard 200 топ-листата; и Octavarium од 2005, кој достигна до местото број 36 место на Билборд 200.

Групата е добро позната по техничкиот квалитет на секој инструменталист, освојувајќи многу награди од музички магазини. Тие се високо ценети од страна на голем број од најславните имиња на рок и метал музиката, што често доведува до соработка помеѓу членовите на Dream Theater со многу други добро познати музичари. Во славен пример, гитаристот Џон Петручи беше именуван за трет гитарист на турнејата G3 со Стив Ваи и Џо Сатриани, следејќи ги стапките на Ерик Џонсон, Роберт Фрип, Ингви Малмстин и други влијателни гитаристи.