Беркли (музички колеџ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Беркли(музички колеџ)
Мото To be, rather than to seem (англиски)
Основан 1945
Тип Приватен
Фондирање $197.0 милиони
Претседател Роџер Бровн
Факултет 522
Студенти 4,270
Локација Бостон, Масачусетс, USA
Бои Црвена и сива           
Веб-место berklee.edu
Berklee College of Music, Boston MA.jpg

Беркли колеџот за музика (англиски: Berklee College of Music) е независна музичка школа во Бостон, Масачусетс (САД) со многу познат факултетски кадар, дипломирани студенти, и уметнички гости. Се смета за една од најпрестижните школи за модерна музика во САД и во светот. Во него се запишани приближно 3,800 студенти и има околу 430 професори и универзитетски кадар - ова го прави најголема приватна музичка школа во САД. Колеџот запишува 26 % странци и 25 % женски студенти. Беркли нуди целосно акредитирана четиригодишна диплома. Цената за една година студии изнесува приближно 20,350 американски долари. Претседател на Беркли е Роџер Браун.

Беркли е создаден од Лоренс Берк во 1945 како "Шилингер музичка куќа", од почит спрема Џозеф Шилингер. Лоренс Берк го променил името на школата во "Беркли колеџ за музика" според својот син Ли Берк, во 1954, и под тоа име во 1973 школата била официјално регистрирана. При неговото формирање, колеџот задоволил огромна академска потреба, бидејќи не постоела друга школа за модерна музика. Денеска, Беркли се обидува да ја редефинира својата улога и да ја задржи високата репутација, и заради тоа донесол нова развојна политика до 2015 година.

Беркли колеџот за музика не треба да се меша со подеднакво реномираниот универзитет на Калифорнија, Беркли.