Портал:Франција/Географија на Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Според својата географска местоположба, Франција се наоѓа во Западна Европа, Франција исто така поседува и територии во Северна Америка, Карибите, Јужна Америка, на јужниот дел на Индиски Океан, на Тихиот Океан, и на Антарктик.

Европскиот дел на Франција зазема 547,030 квадратни километри (211,209 sq mi), заземајќи го најголемиот дел меѓу членките на Европската Унија, односно, за малку е поголем од Шпанија. Франција поседува различен вид на релјеф, од низини на северниот и западниот брег, до планини на југоисток каде што се протегаат Алпите, во средишниот јужен дел кај Централниот Масив и Пиринеите на југозапад, кои се некој вид и природна граница со Шпанија. Прочитајте повеќе