Портал:Стар Рим/Дали знаете
Изглед
- ... дека титулата цензор не била дел од римската магистратура? Магистратурата ја сочинувале титулите квестор, едил, плебејски трибун, претор и конзул, при што квесторите, едилите и плебејските трибуни располагале со potestas, а преторите и конзулите со imperium.
- ... дека појадокот кај Римјаните се нарекувал јентакулум?
- ... дека за време на Римската република, Гај Мариј бил конзул дури 7 пати?
- ... дека по првите римски освиојувања, се формирале т.н. триби? Нивниот најголем број изнесувал 35, при што некои биле во самиот град Рим, некои надвор од него, а сите се разликувале по површината и населението.
- ... дека за време на Кризата на третиот век, на западниот дел од Римското Царство се формирало Галското царство, а на источниот Палмиренското?