Портал:Парагвај/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на Франсија.
Портрет на Франсија.

Хосе Гаспар Родригес де Франсија и Веласко (шпански: José Gaspar Rodríguez de Francia y Velasco, 6 јануари 1766 –20 септември 1840) бил парагвајски политичар, револуционер и еден од двата први претседатели (конзули) на Парагвај, заедно со Фулхенсио Јегрос. Тој бил претседател на Републиката од 1814 до 1840 година.

Хосе Гаспар Родригес де Франсија е роден во Јагварон, Парагвај. Неговиот татко бил по потекло од Бразил кој емигрирал во Парагвај. Неговата мајка била Парагвајка со шпанско потекло. Неговото крстено име било Џозеф Гаспар де Франза и Веласко (Joseph Gaspar de Franza y Velasco), но подоцна во животот започнал да го користи попопуларното име „Родригес“. Исто така, „Франза“ (Franza) го сменил во Франсија (Francia). Оригиналното име на неговиот татко било Гарсија Родригес Франса или на португалски Garcia Rodrigues França, сепак тој го стилизирал целото име и презиме налик на шпанските.

Тој бил учен во манастирско училиште во Сан Франсиско во Асунсион. На 13 април 1785 година, по четири години студирање, тој станал доктор по теологија и магистер по филозофија на Националниот универзитет во Кордоба. Тој зборувал гварански, шпански, француски, латински и по малку англиски. Иако тој бил учен за свештеник, Хосе никогаш не станал тоа. (Дознајте повеќе...)