Портал:Папа/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Папата е врховен свештеник на римокатоличката црква. Папа е римокатолички бискуп по ранг на патријарх на Рим, поглавар на Римокатоличката црква и Гркокатоличката црква (унијати), како и Коптокатоличката црква.

Титулата на папата се определува како: „Бискуп на Рим, намесник на Исус Христос, кнез на апостолите, наследник на Свети Петар, врховен свештеник на целата црква, примус Италија, надбискуп и митрополит на Римската покраина, на суверената држава Ватикан, и слуга на Божјите слуги“. Прочитајте повеќе