Портал:Екологија/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мјуреј Букчин (14 јануари 192130 јули 2006) бил американски либертаријански социјалист, основач на социјалната екологија, школа на либертаријанско-социјалистичката и екологистичката мисла. Автор е на многу книги од областа на политиката, екологијата, филозофијата, историјата и урбанистиката.

Букчин беше радикален антикапиталист и голем поборник на децентрализацијата. Неговите дела за либертаријанскиот муниципализам, теорија за непосредна, базична демократија, имаше свое влијание врз зеленото движење и врз антикапиталистичките групи ориентирани кон директна акција. Букчин беше познат и како решителен критичар на биоцентристичката ориентација на длабоката екологија. Прочитајте повеќе