Поморски десант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Една современа поморска десантна операција изгледа вака (Вежба Cobra Gold 2012, Тајланд)

Поморски десант — вид нападна воена операција во која бродовите се користат за слетување на непријателска територија и воспоставување крајбрежен мост таму.[1] Во современото војување, поморските десанти се вршат со посебни десантни бродови. Тие се сметаат за најсложени воени маневри, за кои е потребна точна координација на воздушни сили, поморска артилерија, воден сообраќај, логистичко планирање, специјализирана опрема и копнени тактики.[2]

Поморските десанти обично се насочени кон искористување на слабостите на непријателот по крајбрежјето. Оваа стратегија има за цел да го натера врагот да ги придвижи своите сили, да ги искористи резервите прерано и да помогне на поголемо сојузничко напредување на друго место. Овие десанти вклучуваат темелно планирање и подготовка во текот на неколку недели до месеци, често со употреба на повеќе воени сили или поморска флота за распоредување значајни сили на големи острови, како во примерот со операцијата „Хромит“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Speller, Ian & Tuck, Christopher, Amphibious warfare, Strategy and tactics series, Spellmount, 2001, p.7
  2. Harding, Richard, The Royal Navy, 1930–2000: Innovation And Defense, Taylor & Francis, 2005, p. 44

Надворешни врски[уреди | уреди извор]