Полжавот и китот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полжавот и Китот
Податотека:The Snail and the Whale.jpg
АвторЏулија Донлдсон
ИлустраторАксел Шефлер
ЗемјаОК
ЖанрДетска фантазија
ИздавачМекмилан
Издадена
5 Септември 2003
Страници32
ISBN978-0-330-51734-8
OCLC51898638

Полжавот и китот е сликовница за деца од 2003 година од Џулија Доналдсон и илустрирана од Аксел Шефлер. Книгата е добитник за најдобра книга за предучилишна возраст во 2009 година, на наградата Блу Питер во 2005 година, и за најдобра книга за читање на глас и како и наградата Гиверни во 2007 година за најдобра научна книга со слики. Полжавот и китот била адаптирана во нескратена аудио книга, претстава а исто така била и преведена на британски знаковен јазик. Во 2019 година бил објавен краток филм кој е заснован на книгата.

Заплет[уреди | уреди извор]

На мазна црна карпа покрај пристаништето живеат јато морски полжави, а еден од нив копнее да го види големиот, широк свет; чувство што сонародниците кои се врзани за карпата не можат да го разберат. Откако ќе напише оглас за „ барање на превоз околу светот “ со помош на слузот од полжав, еден љубезен грбав кит пристигнува една ноќ осветлена од месечината и му нуди да го однесе на своите патувања. Заедно тие одат на патување по океанот низ целиот свет, покрај санта мраз,вулкани, ајкули и пингвини. Водното дуо на својот пат гледа прекрасни глетки, се додека едно сончево летно утро, грбавиот кит, збунет од звукот на група тркачки глисери, плива во заливот и заглавува на плажа од плимата што се повлекува.

Во обид да му помогне на својот пријател, полжавчето ползи до блиското училиште во заливот и пишува „Спаси го китот! “ со слузот на таблата. Децата и наставникот од училиштето веднаш ги известуваат службите за итни случаи, а локалното население и противпожарната служба помагаат да се одржи напуштениот кит влажен додека плимата конечно не се сврти. Полжавот и китот се продолжуваат безбедно да пливаат подалеку од селаните, кои им маваат и ги бодрат.

Заедно, полжавот и китот се враќаат во домот на полжавот на пристаништето, каде што ги импресионираат другите членови во јатото со приказните од патувањето. Китот ја испружа опашката, дозволувајќи им на другите полжави да се качат. Потоа, додека сонцето заоѓа зад површината на океанот, грбавиот кит го носи целото јато полжави, во понатамошни авантури.

Адаптации и изданија[уреди | уреди извор]

Приказната е достапна во мек повез, книга со цврсти корици, сложувалка, боенка, книга со активности и налепници, аудиокнига со придружно аудио ЦД, магнетна книга и книга за заедничко читање со придружна магнетна аудио лента. Изданието со мек повез е посветено: „На сите во основното училиште Хилхед, Вик“

Полжавот и Китот била адаптирана за сцена од театарската компанија Tall Stories во 2012 година и била изведувана на турнеја низ Обединетото Кралство и остатокот од светот.

Осврти[уреди | уреди извор]

Тајмс ја нарече: „Храбра и брилијантна, мудара и откачена“. Гардијан рече дека е „радост да се чита гласно“ и ја вклучи во списокот на најдобри детски книги за возраст од 2 до 4 години.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Crown, Sarah (12 May 2010). „The best children's books: 2–4 year-olds“. The Guardian.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • [1] видео на полжавот и китот