Планински свиркач

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Планински свиркач
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Phylloscopidae
Род: Phylloscopus
Вид: Планински свиркач
Биномен назив
Phylloscopus orientalis
(Brehm), 1855


Планинскиот свиркач (понекогаш нарекуван и балкански свиркач) (науч. Phylloscopus orientalis) е мало грмушарче кое порано беше сметано за подвид на сега западниот вид. Односно, со современиот начин на таксономско определување, видот е поделен на два вида: западен Phylloscopus bonelli, кој се размножува низ југозападна Европа и северна Африка и источен Phylloscopus orientalis, кој се размножува низ југоисточна Европа и Мала Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Распространетоста на двата вида не се преклопува, а надворешниот изглед и пеењето им е многу слично, но повиците сосема им се разликуваат[1]. Исто така, покажуваат големи разлики во митохондриската ДНК секвенца[2].

Планинскиот свиркач е птица преселница што зимува под Сахара, во Африка. Редок скитник е во северна Европа.

Опис[уреди]

Оваа мала врапчевидна птица има еднобоен сивозелен грб, зеленкаво над опашката и зеленкави крилја и белкави долни делови од телото. Клунот е мал и остар, а нозете се кафеави. Нема полов диморфизам, мажјаците и женките се исти. За разлика од западниот вид, овој нема кафеава нијанса на горните делови, а понекогаш, наместо тоа, има зелена.

Пеењето е брзо монотоно треперење, сосема малку поразлично од западниот вид. Но, повикот е различен од мекото двосложно ху-ит, и е тврдо чуп, слично на градското врапче.

Однесување[уреди]

Живеалиштето на планинскиот свиркач се планините и шумските предели.

Гнездото го прави на земја и несе 4-6 јајца.

Се храни со инсекти.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Helb, H.-W.; Bergmann, H.-H. & Martens, J. (1982): Acoustic differences between populations of western and eastern Bonelli's Warblers (Phylloscopus bonelli, Sylviidae). Cellular and Molecular Life Sciences 38(3): 356–357.
  2. Helbig, A. J.; Seibold, I.; Martens, J. & Wink, M. (1995): Genetic differentiation and phylogenetic relationships of Bonelli's Warbler Phylloscopus bonelli and Green Warbler P. nitidus. Journal of Avian Biology|J. Avian Biol. 26: 139–153.